Св. Никола — археолошко наоѓалиште во преспанското село Сопотско. Претставува осамен наод од римско време и средновековна црква со некропола. При изградбата на новата црква „Св. Никола“, која се наоѓа 1 км јужно од селото, биле откриени темели од постара црква. Во олтарниот дел на црквата е најдена мермерна плоча со старогрчки натпис во 36 реда, од кои подобро се зачувани последните неколку реда. Освен неа, се најдени уште 3 поголеми плочи, а по должината на темелите бронзени монети - скифати. Западно и јужно од новата црква се гледаат монолитни камени плочи од гробни конструкции. Плочата со натпис се чува во Музејската збирка во Ресен, а останатите три се пред влезот на црквата.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Трно Нива —населба од римско време; Јане Дол —осамен наод од доцноантичко време; Бела Црква — депо на монети од средниот век; Сопотско; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Сопотско Категорија:Археолошки наоѓалишта во Македонија од типот на некропола