Али Коч или Скочино — археолошко наоѓалиште во преспанското село Рајца. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 500 метри западно од селото во правецот на Преспанското Езеро во ниви на месни жители, каде со земјоделските работи биле откривани остатоци од темели на објекти и гробови со конструкции од тегули и имбрекси - тип „на две води“. Денес на површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјалКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Селиште — црква и некропола од средниот век; Рајца; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Рајца