250px|thumb|right|Сливот на реката Веј
Веј (, ) — река во северниот дел на централна Кина.
Извира од планините на југоисточната провинција Гансу и тече на исток низ покраината Шенси и се спојува со Хоангхо (Жолтата река). Долга е 818 километри. Нејзината долина била најстариот центар на кинеската цивилизација и сè до X век било место каде што се ределе главни градови. Во III век п.н.е. областа околу раскрсницата на реките Ѓинг и Веј била првото место каде што се зафатени првите сериозни потфати за изградба на наводнувачки систем во Кина.
Поважни притоки на Веј се Луо, Ѓинг и Чишуеј.
Користена литература Енциклопедија Британика (македонска верзија), книга втора (Б-Г), 2005 година, Скопје.
Категорија:Реки во Кина Категорија:Слив на Жолтата Река Категорија:Географија на Гансу Категорија:Географија на Шенси