Кула — археолошко наоѓалиште во преспанското село Љубојно. Претставува утврдена населба со некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 км северно од селото, каде се издига висок рид кој доминира над околниот терен. На зарамнетото плато јасно се распознаваат темели од одбранбен бедем, а на површината има грамади од градежен камен, тули и варов малтер. Остатоците од ѕидовите на тврдината биле оштетени во периодот 1936-1940 година кога селаните масовно ваделе камен за изградба на своите куќи. Во нивата на месен жител во непосредната близина биле откопани гробови со конструкции од камени плочи во кои имало керамички садови.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Рудина — населба од римско време; Куќишта — населба од средниот век; Граишта — некропола од римско време; Присој — населба од римско време; Св. Димитрија — црква и некропола од средниот век; Љубојно; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;

Наводи

Категорија:Љубојно