Јамно () познато и под називот Гамел (полски - Gamel) — крајбрежно езеро во Полска. Се наоѓа на Западнопоморското крајбрежје во Западнопоморското Војводство. Езерото порано претставувало залив во Балтичкото Море, но со текот на времето се одвоило од морето. Површината на езерото изнесува 22 км² (деветто по големина во Полска), а најголемата длабочина изнесува 3,9 метри. Езерото е долго 10 км, а широко 3,4 км. Просечната длабочина на езерото е 1,5 метри. Бреговата линија е слабо развиена. Должината на брегот на езерото изнесува 29 километри. Околината на езерото Јамно и соседното езеро Буково е заштитена. Во езерото се влеваат неколку помали реки и потоци. Езерото е богато со риба и на него секоја година се одржуваат риболовни натпревари.

Надворешни врски

Статија за езерото на порталот на Дравенскиот национален парк Информации за езерото на риболовниот информативен портал (со слики)

Категорија:Езера во Полска