десно|мини|Габриела Мистрал Габриела Мистрал (Лусила Годој Алкалајага), своето поетско име го составила од имињата на саканите поети Габриеле (Д'Ануцио) и (Фредерик) Мистрал.

Животопис Родена е во 1889 година во Викуња, во Чилеанската провинција Кокимбо. Растела и се школувала во несреќни и неповолни услови на детството. И се посветувала на педагошката дејност, учителствувајќи во разни места на својата земја. Афирмирајќи се како поетеса и педагошки деец, таа, во духот на латиноамериканската традиција, се посветила на дипломската кариера како претставник на Чиле во некои европски и американски земји. Во 1945 станала добитник на Нобеловата награда за литература, како единствена поетеса на шпанкиот јазик. Умрела во Њујорк во 1957. Превод на литературни дела од автори кои добиле Нобелова награда, НИД „Микена“, Битола, 2010

Во младоста го следела и го доживувала модернистичкото движење на Рубен Дарио, што ги зафаќа Шпанија и Латинска Америка, но својот опус, не особено голем, го создавала во постмодернистичкиот период. Запознавајќи ја традицијата на литературата пишувана на шпански јазик и на европската поезија, во децениите на авангардните движења таа дистанцирана од нивната екстремна експерименталност, создава свое естетичко кредо и стил, што ги соопштува во своите Десет уметнички заповеди. Говорејќи за незадоволството од постигнато како изневерување на соништата и на природата, таа истакнала дека ,,...ако престанеш да бидеш човек или жена, ќе престанеш да бидеш уметник“. Во овој контекст, според критиката, се издвојуваат две основни нејзини творечки периода првиот - интимистички, во кој доаѓале до израз нејзините лирско-медитативни исповеди на жена и на човечко суштество, осамено во големиот свет, и вториот-американистичкиот, што ја открива сеопфатеноста на нејзиното доживување на животот и светот-на детството, љубовта, смртта, земјата, од што зрачи едно универзално човечко суштество, со чувство и солидарност. Нејзината поезија на богатата традиционална шпанска изразност и на автентичната индогеност и лексика, ни ја открива земјана на Чиле и на Шпанска Америка со сета исконска слоевитост и убавина на природата и на сраснатоста на народите, племињата и на човекот со неа. Во својот особен јазик и стил и со посебноста на својот сензибилитет Габриела Мистрал е почитувана и во Чиле и во другите земји на континентот и светот.

Творештво Автор на класични поетски структури и версификација на усогласени, често нецелосни рими и асонанси, како и на една специфична лирска синтакса што се движи од едноставноста на говорот до посложени, некогаш и понедостапни изрази спрегови на слободниот стих, Габриела е автор на следниве книги поезија: Очаеност (1922), Нежност (1924), Разорување (1938), Преса (1954), Песна за Чиле (посмртно издание)

Наводи

Категорија:Добитници на Нобеловата награда за литература Категорија:Родени во 1889 Категорија:Умрени во 1957 Категорија:Чилеански нобеловци Категорија:Родени во 1889 година Категорија:Починати во 1957 година