Исток — археолошко наоѓалиште во преспанското село Евла. Претставува црква од средниот век. Се наоѓа на околу 7–8 км од селото, во подножјето на врвот Исток, во месностите Долни и Горни Колиби, каде се гледаат остатоци од разурнати цркви, распостранети од левата и десната страна на Источка Река. Црквичката во Горни Колиби била посветена на св. Богородица, а во Долни Колиби на Св. Петка.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Св. Спас — црква од средниот век; Кале — населба од средниот век; Ливадица — осамен наод од доцноантичко време; Евла; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Евла (Ресенско)