Умишта — археолошко наоѓалиште во преспанското село Волкодери. Претставува населба од римско време. Се наоѓа на 1 км југозападно од селото, каде на блага падина која се спушта кон полето, во нива на местен селанец, при обработувањето на земјата се откриени темели од објекти, а по површината на нивата се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и градежен материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Волкодери; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Категорија:Волкодери