Том Димулен (; р. во ) — холандски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Познат по неговите хронометарски вештини, Димулен напреднал во искачувањето брда и сега се смета како специјалист за брда. Со освојувањето на Џиро д’Италија 2017 станал прв Холанѓанец кој успеал во тоа, а подоцна во годината го освоил и Светското хронометарско првенство. Засновано на неодамнешните резултати на големите трки, Димулен се смета за фаворит на трките за генералниот пласман. На Тур де Франс 2016 освоил две етапи, завршувајќи втор зад Крис Фрум на завршниот поединечен хронометар. Потоа на Џиро д’Италија, го освоил изданието во 2017 година и завршил втор во 2018 година, единствен возач со разлика од една минута зад Фрум. Имал одличен настап на Тур де Франс 2018, уште еднаш завршувајќи втор и освојувајќи уште една етапна победа на поединечниот хронометар на Тур.
Ран живот
Димулен е роден во Мастрихт и израснал во самиот град, кој е домаќин за завршницата на Амстел Голд Рејс. Првично, негова цел било да студира медицина и да стане доктор, меѓутоа откако не влегол на медицинскиот факултет, се насочил на велосипедизмот.
Професионална кариера 2010-2013
мини|лево|Димулен на Тур де Франс 2013
Првите резултати се појавиле во 2010 година, кога настапил на Гран при Португалија, дел од Светскиот куп за возачи под 23 години — Димулен го освоил воведниот хронометар и покрај тоа што никогаш не возел претходно хронометарски велосипед и ја освоил целата трка. Подоцна, истата година, ја освоил хронометарската етапа на Џиробио. Требало да вози за екипата во 2011 година, меѓутоа екипата се распуштила на крајот на сезоната 2010.
Откако возел за Рабобанк развојната екипа во 2011 година, Димулен станал професионалец со холандската екипа Џајант-Шимано во 2012 година. Иако не возел на ниту една трка во првите две години како професионален оставил свој белег на поголемите трки, особено на хронометрите. Го имал својот прв настап на некоја голема трка во 2012 година, возејќи на Вуелта а Еспања.
2014
Во јуни 2014 година, Димулен го освоил националното хронометарско првенство. Во септември 2014 година стигнал до второто место на Гран при Квебек откако бил напред на последното искачување, но бил претекнат од Сајмон Геранс. Подоцна истиот месец го освоил бронзениот медал на Светското хронометарско првенство, завршувајќи зад Бредли Вигинс и Тони Мартин во Понферада.
2015
Ја започнал сезоната 2015 со освојување на четвртото место на Тур Даун Андер. Го остварил својот прв успех во сезоната со победа на завршниот поединечен хронометар на Трката околу Баскија. Негова втора победа во годината дошла на Тур де Свис, каде го освоил прологот со две секунди предност пред Фабијан Канчелара. Исто така, ја освоил завршната етапа на трката, хронометар долг 38,4 километри со просечна брзина од 47,407 км/ч.
На Тур де Франс, Димулен бил еден од фаворитите за победа на воведниот хронометар на домашен терен во Утрехт, Холандија, но на крајот завршил четврти. На третата етапа бил вклучен во масовен брз пад и морал да ја напушти трката.
мини|лево|Димулен го носи националниот дрес на Париз-Ница 2015
Димулен се опоравил од неговите повреди и возел на Вуелта а Еспања 2015. На втората етапа нападнал на последното искачување и создал група со Николас Роуш (Тим Скај) и Наиро Кинтана (Мовистар), но бил достигнат и претекнат од Естебан Чавес (Орика-ГринЕџ), кој ја освоил етапата пред Димулен за секунда. На петтата етапа имало поделба во групата и Чавес изгубил шест секунди пред Димулен, кој го преземал водството на трката за една секунда. Меѓутоа, Чавес ја освоил шестата етапа пред Димулен и повторно ја презел црвената маичка. Деветтата етапа била завршница со искачување од прва категорија. Имало низа на напади во првиот дел на искачувањето и многумина возачи отпаднале од главната група. Димулен на крајот сам ја освоил етапата, две секунди пред Крис Фрум (Тим Скај) и ја зел назад црвената маичка откако Чавес изгубил значајно време. Фрум првично отпаднал, но со силно темпо стигнал близу победа на етапата пред Димулен да го претекне во последните стотина метри. Откако Фрум паднал на единаесеттата етапа, Димулен ги ограничил неговите загуби на следните планински етапи, додека Фабио Ару (Астана) и Хоаким Родригес (Катјуша) го замениле на водството во трката. На седумнаесеттата етапа, Димулен го освоил поединечниот хронометар од 38,1 километар. Добил една минута и 53 секунди во однос на Ару за да ја земе црвената маичка за три секунди пред Италијанецот, додека Родригес сега имал една минута и 15 секунди на третото место во генералниот пласман по губењето над три минути во однос на Димулен на етапата. Димулен го удвоил своето водство пред Ару со освојување три секунди на напад на последното искачување со калдрма на деветнаесеттата етапа, меѓутоа ја загубил трката во однос на Ару на претпоследната етапа, последната планинска на Вуелта, каде Ару се оддалечил од Димулен на третото од четирите искачувања од прва категорија. Димулен загубил скоро четири минути во однос на Ару и паднал на шестото место во генералниот пласман. Во декември 2015 година, го освоил Трофејот Герит Шулте, награда за најдобар холандски велосипедист на годината.
2016
мини|десно|Димулен ја носи розовата маичка како предводник на Џиро д’Италија 2016
Бил вклучен во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016, каде ја освоил воведната етапа. На осмата етапа, Димулен го изгубил водството на рката откако завршил на 38. место и изгубил 1 минута и 10 секунди од Алехандро Валверде () на ридестата етапа. Ја напуштил трката на единаесеттата етапа.
Димулен возел и на Тур де Франс 2016. Ја освоил деветтата етапа откако нападнал од бегство во подножјето на завршното искачување, на кое се нашол сам во страшен порој.http://www.eurosport.com/cycling/tour-de-france/2016/tour-de-france-stage-9-vielha-ordino-arcalis-live_sto5681787/story.shtml Димулен ја освоил исто така и етапата 13, хронометар од 37,5 километри на ридест терен во ветровити услови со разлика од над една минута во однос на Крис Фрум на второто место.http://www.cyclingnews.com/news/tom-dumoulin-appoints-himself-rio-favourite-after-tour-de-france-time-trial-victory/
2017
мини|десно|Димулен ја носел розовата маичка на Џиро д’Италија 2017
Екипата на Димулен објавила зимата дека ќе цели на Џиро д’Италија. На деветтата етапа, Димулен завршил трет на завршницата на врвот на Блокхаус, завршувајќи заедно со Тибо Пино (), 24 секунди зад етапниот победник и новиот предводник на трката Наиро Кинтана (). Потоа, Димулен ја освоил десеттата етапа, поединечен хронометар во должина од 39,8 километри со време од 50 минути и 37 секунди со што го презел водството на трката за 2 минути и 23 секунди од Кинтана. Димулен ја освоил четиринаесеттата етапа, која завршувала на нагорнина и го зголемил водството пред Кинтана за дополнителни 14 секунди. На шеснаесеттата етапа, Димулен имал стомачни проблеми и морал да направи пауза; ниеден од другите фаворити не го чекал и завршил со повеќе од две минути зад етапниот победник Винченцо Нибали, но го задржал водството на трката за 31 секунди пред КИнтана. Димулен го одбранил водството до 19. етапа со планинската завршница, кога ја поминал целта со минута зад Кинтана, кој станал нов предводник на трката. Кинтана ставил уште петнаесет секунди пред Димулен следниот ден на претпоследната етапа. Меѓутоа, резултатот на Димулен на етапата 21, поединечен хронометар во должина од 29 километри на кој завршил втор, му го донело првото место во генералниот пласман, станувајќи прв холандски возач кој го освоил Џиро и прв кој освоил некоја голема трка од Јоп Зутемелк, кој победил на Тур де Франс 1980.
Како последица на победата бил назначен за витез во Редот Оранје-Насау од кралот Вилем-Александар на Холандија и Лимбуржанец по заслуга. Исто така добил почесен златен медал на Градот Мастрихт.
За завршница на успешната сезона, во септември Димулен учествувал на Светското хронометарско првенство во Берген, Норвешка, негова прва поединечна титула во хронометар. Исто така учествувал во победата на екипата во дисциплината екипен хронометар.
2018
мини|upright|Димулен ја носи виножито-маичката како светски хронометарски првак на дваесеттата етапа на Тур де Франс 2018
Димулен настапил на Џиро д’Италија 2018 како бранител на титулата и бил сметан за еден од фаворитите за победа, заедно со Крис Фрум (), кој ги освоил Тур де Франс 2017 и Вуелта а Еспања 2017 и целел кон победа за да дојде до сите три титули на големите трки истовремено. Димулен го освоил воведниот поединечен хронометар во должина од 9,7 километри во Ерусалим, поразувајќи го Роан Денис (BMC) за победа со разлика од 2 секунди и ја освоил водечката розова маичка трета година по ред.https://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/tom-dumoulin-stamps-authority-giro-ditalia-stage-one-time-trial-victory-378738#tZCTk4SDPEi7TG6Q.99 Денис го презел водството на трката од Димулен на втората етапа, откако собрал бонус секунди на средниот спринт.https://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/rohan-dennis-takes-pink-elia-viviani-sprints-giro-ditalia-2018-stage-two-victory-378862 Димулен останал втор зад Денис до шестата етапа, кога Сајмон Јејтс () нападнал од групата на фаворити на 1,5 километри до врвот на Етна, преземајќи го водството на трката од Димулен за секунда. Јејтс ја освоил деветтата етапа забрзувајќи на 100 метри до целта, со што го зголемил водството пред Димулен.https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44101703 Јејтс ја освоил етапата 11, напаѓајќи на 1,5 километри до целта и одолевајќи на потерата од Димулен, со што дополнително го зголемил водството.https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44145175 На етапата 14, Јејтс го поминал Димулен и завршил втор зад победникот Крис Фрум (Скај) на Монте Ѕонколан. Со шест бонус секунди за второто место, Јејтс го зголемил водството пред Димулен на 1 минута и 24 секунди, додека неговата разлика со Фрум била 3 минути и 10 секунди.http://www.skysports.com/cycling/news/15264/11378651/chris-froome-wins-giro-ditalia-stage-14-as-simon-yates-extends-overall-lead
На следната етапа, Јејтс се одвоил од Димулен и другите фаворити за соло победа на петнаесеттата етапа, откако нападнал на 18 километри до целта. Оваа победа му донела зголемување на водството на 2 минути и 11 секунди пред Димулен.https://www.bbc.co.uk/sport/cycling/44190618 На етапата 17, поединечен хронометар во должина од 34,2 километри, Димулен завршил трет зад Роан Денис и го намалил водството на Јејтс на 56 секунди, додека Фрум завршил четврт, 2 минути и 56 секунди зад Димулен.http://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/simon-yates-holds-onto-pink-rohan-dennis-wins-giro-ditalia-stage-16-time-trial-380857#4wKbq8I7I1Ph4pTm.99 На етапата 18, Јејтс имал проблеми на последното искачување и изгубил 28 секунди во однос на Димулен и Фрум. Етапата 19 била прогласена за кралска етапа на трката со три искачувања во втората половина на етапата. Тука биле вклучени полуасфалтираното искачување на Коле деле Финестре, по што следело искачувањето до Сестриере и завршното искачување до Бардонекија. Јејтс имал проблеми на Финестре, ставајќи го Димулен во виртуелно водство, пред Фрум да отпочне напад на 80 километри до целта. Предноста на Фрум растела во текот на втората половина на етапата, откако Димулен бил зад него со група од Тибо Пино и Себастјен Рајхенбах од ФДЖ, Мигел Анхел Лопес од Астана и Ричард Карапас од Мовистар. На крајот, Фрум ја освоил етапата со повеќе од три минути со што го презел водството на трката, 40 секунди пред Димулен, кој бил нападнат од другите возачи на последното искачување откако држел темпо во поголемиот дел од потерата. Во интервју по етапата, Димулен изјавил дека не можел ништо да направи за да го запре Фрум.https://www.cyclingweekly.com/news/racing/giro-ditalia/theres-nothing-couldve-done-tom-dumoulin-applauds-chris-froomes-special-giro-ditalia-ride-381305 Димулен го нападнал неколкупати Фрум на дваесеттата етапа, но не можел да направи разлика и на крајот завршил втор зад Фрум.