Алекс Душебаев (роден на 17 декември 1992 во Сантандер) — професионален шпански ракометар, кој игра за германскиот ракометен клуб ВФЛ Гумерсбах и за репрезентацијата на Шпанија. Во 2017 година со РК Вардар од Скопје ја има освоено лигата на шампионите.
Алекс е син на ракометната икона и сега ракометен стручњак Талант Душебаев.
Кариера Душебаев својата кариера ја започнал во младинскиот тим на Сиудад Реал, и во сезоната 2009/2010 се приклучил на првиот тим кој го водел неговиот татко, Талант Душебаев. На крајот на сезоната, тој го напуштил Сиудад Реал и потпишал договор со клубот Натурхаус ла Роха. По две сезони, тој преминал во редовите на Арагон и во истата сезона станал најдобар стрелец во АСОБАЛ лигата. Во јуни 2013, тој потпишал за Атлетико Мадрид, каде тренер повторно бил неговиот татко.Алекс Душебаев потпиша за Атлетико Мадрид rkmetalurg.mk 7 јуни 2013 Набрзо потоа, клубот Атлетико Мадрид престанал да постои поради финансиски причини, и Алекс потпишал двегодишен договор со македонскиот клуб, Вардар.Душебаев две години во Вардар Про vecer.com.mk 26 јули 2013
Во мај 2014 година, во изборот на специјализираниот портал "Хенбол планет", Душебаев бил прогласен за најдобар млад ракометар во светот."Душебаев - најдобар млад ракометар во светот", Дневник, година XVIII, број 5479, сабота, 31 мај 2014, стр. 21.
Наводи
Надворешни врски Алекс Душебаев на eurohandball.com Алекс Душебаев на rkvardar.com.mk
Категорија:Шпански ракометари Категорија:Родени во 1992 година