Илија Кушев — македонски револуционер, велешки војвода на Внатрешната македонска револуциона организација, член на Македонското студентско друштво „Вардар“.
Кушев е роден на 24 март 1896 г. во Велес, во семејството на просветниот деец и МРО револуционер Бано КушевИлија Кушев: кратка биографија. Неговиот чичко Петар Кушев е легален деец на ВМОРО, а брат му Тодор Кушев е четник на ВМРО (убиен во Гевгелиско во 1925 од српската милицијаKaртичка на ВМРО за Тодор Кушев по повод неговата херојска смрт за слободата на Македонија).
Завршува на Солунската егзархиска гимназија во 1913 година. По Втората балканска војна истата година пребегнува во Софија, Бугарија, каде што понатаму се школува на Военото училиште. Во 1915 г. е мобилизиран во бугарската армија и учествува во Првата светска војна како поручник од 1-от артилериски полк на Петтата дунавска дивизија.
По војната слуша предавања по право на Софискиот универзитет, но ги прекинува, за да се вклучи во револуционната борба на востановената ВМРО. Испратен Македонија како велешки околиски војвода. Според Ванчо Михајлов, „Кушев е многу сериозен човек, високо културен, со поетична дарба, со силна волја, во неговото лице Македонија изгуби еден докажан борец и водач“ Иван Михајлов, Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Ловен, 1965, стр. 146..
Во август 1919 година се основа Македонското студентско дружество „Вардар“ и Илија Кушев е во управителството, заедно со Љубомир Весов и другиБорис Николов, Вътрешна Македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, Софија, 2001, стр. 88..
Загинал трагично на 29 ноември 1922 г., кај велешкото село ’Рлевци, убиен од Турци предавници од неговата чета заедно со четниците Иван Ѓошев од Крајници и кратовчанецот Мане Кратовски.
Наводи
Категорија:Македонски револуционери Категорија:Македонски војводи Категорија:Апсолвенти на Софискиот универзитет Категорија:Македонски преселници во Софија Категорија:Носители на орденот „За воена заслуга“ (Бугарија) Категорија:Погребани на Централните софиски гробишта Категорија:Луѓе од Велес