Марина Дмитровиќ (родена на 23 март 1985 г. во Белград) е српска ракометарка која игра за унгарскиот клуб Кишварда и за српската репрезентација.

Таа игра на позицијата десен бек.

Кариера Дмитровиќ започнала да игра ракомет на 13 годишна возраст во основно училиште. Прв клуб за кој играла е РК Земун од Белград, а прв тренер ѝ бил Лазар Кордиќ. Потоа преминала во јуниорската екипа на РК Црвена Ѕвезда од Белград. Со екипата на Раднички таа победила во Купот на Србија и Црна Гора, а со РК Врњачка Бања ја освоила шампионската титула во Србија.

Во 2012, од Јагодина преминала во ЖРК Вардар, каде што двапати ја освоила титулата во македонското првенство. Во сезоната 2013–14 таа била дел од тимот на Вардар на фајнлфор турнирот од Лигата на шампионите. Во 2014 потпишала договор со турскиот вицешампион Анкара Јенимахал.Марина Дмитровиќ потпиша со Јенимахал 5 јуни 2014, Спортмедија

Во летото 2016, Дмитровиќ потпишала за унгарскиот клуб Кишварда.Екс вардарката се пресели во Унгарија: Марина Дмитровиќ потпиша за Кишварда 24 септември 2016; 24rakomet.mk

Од 2005 година е во составот на сениорската репрезентација на Србија со која има настапено на четири европски првенства (ЕП 2006, ЕП 2008, ЕП 2010 и на ЕП 2012).

Наводи

Надворешни врски Профил на ЕХФ

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Српски ракометарки