мини|лого Живеј и остави ги другите да умрат (англиски: Live and Let Die) е британски игран филм од 1973 година, во режија на Гај Хамилтон. Главните улоги ги толкуваат: Роџер Мур, Џејн Сеjмур и Јафет Кото. Филмот претставува дел од циклусот филмови за тајниот агент Џејмс Бонд. Филмот добил две награди и имал три номинации, од кои, една за наградата „Оскар“.Антена, бр. 806, 6.12.2013, стр. 11.IMDb, Live and Let Die (1973) (пристапено на 3.1.2015)
Содржина Во зградата на Обединетите нации во Њујорк, на улиците на Њу Орлеанс и во текот на еден вуду ритуал се убиени тројца агенти на британската тајна служба. Задачата да ги открие мотивите на овие злосторства му ја доверуваат на тајниот агент Џејмс Бонд. Неговата прва станица е њујоршкиот кварт Харлем од каде ја следи организацијата која се занимава со црна магија. Но, набрзо, тој паѓа во рацете на злосторниците.Антена, број 861, 26.12.2014, стр. 28.
Наводи
Категорија:Британски филмови Категорија:Филмови со Џејмс Бонд Категорија:Филмови со Роџер Мур Категорија:Филмови на Гај Хамилтон Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1973 година