Паника на улиците е американски филм, во режија на Елија Казан, а главните улоги ги толкуваат Ричард Видмарк и Пол Даглас. Во 1951 година, филмот ја освоил наградата „Оскар“ за најдобро сценарио. мини|Постер за филмот Паника на улиците Содржина Во еден американски град, на пристаништето е убиен непознат човек, кој пристигнал илегално во САД. По извршената обдукција се утврдува дека убиениот бил заразен од опасната заразна болест градна чума. Докторот Рид и полицаецот Ворен имаат 24 часа да ги откријат убијците и сите други кои имале контакт со убиениот за да ја спречат појавата на епидемија, која би можела да однесе илјадници животи. Иако на почетокот, полицаецот не му верува на докторот Рид, подоцна двајцата ги пронаоѓаат убијците.Антена, бр. 803, 15.11.2013, стр. 12.
Наводи
Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Ричард Видмарк Категорија:Филмови на Елија Казан Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД Категорија:Филмови поврзани со убиства Категорија:Филмови од 1950 година