300px|мини|Поглед кон Џибутската катедрала Христијанството во Џибути е малцинска религија во државата. Во Џибути околу 6% од населението се Христијани (околу 25.000 луѓе), а државата има околу 923.000 жители (според проценките за 2012). Христијаните се претежно Етиопјани или Европејци. Повеќето од Христијаните се дел православни или католици. Уставот на Џибути гарантира слобода на верско изразување, но сепак Исламот е државна религија. Според последните извештаи во државата немало затвореници поради тоа што биле Христијани. Забележана е толеранција меѓу религиите. Проповедувањето на други религии меѓу Муслиманите е забрането и луѓето кои се преобратуваат во Христијанство се плашат од прогон.
Состојба 3.2% од населението се православни. 0.07% до 1% од населението се протестанти. Во државата има околу 7.000 Католици.http://www.catholic-hierarchy.org/diocese/ddjib.html Единствената бискупија во државата е католичката Бискупија во Џибути. Бискупијата е поделена на 5 парохии.
Поврзано
Христијанство Џибути Религија во Џибути
Наводи
Надворешни врски Извештај за религиската слобода во Џибути Профил на Џибути
Категорија:Христијанството во Џибути