Сан Бенедето дел Тронто (; Sammenedèttë на локалниот дијалект) е град и општина во покраината Асколи Пичено, во регионот Марке, Италија. Со население од над 50.000 жители, тој е вториот најнаселен град во покраината. Се наоѓа на брегот на Јадранското Море и е активно рибарско пристаниште и едно од главните морски одморалиште во средишниот јадрански брег. Сместен на устието на реката Албула, неговата територија се протега до реката Тронто на југ.
мини|220п|лево|Фонтана на плоштадот Џорџини
Главни знаменитости
Торионе е кула сместена на највисокиот и најстариот дел од градот, познат како Сан Бенедето Алта. Кулата е висока 15 метри и обезбедува целосно поглед на градот.
Ривиера деле Палме
„Ривиера деле Палме“ (Riviera delle Palme) е плажа во Сан Бенедето дел Тронто. Плажата ја добива наградата сино знаме од 1998. Сино знаме е сертификат кој се доделува на плажи и марини од Фондацијата за образование на животната средина, која ги практикува стандарди за животната средина.
Спорт и култура
Сан Бенедето дел Тронто е дом на фудбалскиот клуб УС Самбенедетезе. Екипата играла во Серија Б и моментално се игра во Серија Д. Во март, во градот се одржува завршницата на последната етапа на велосипедската трка Тирено-Адријатико.
Во февруари, градот е домаќин на карневал на неговите главни улици.
Меѓународни односи
Збратимени градови
Сан Бенедето дел Тронто е збратимен со:
Мар дел Плата, Аргентина Алба Јулија, Романија Чикаго Хајтс, САД Алфортвил, Франција Тринидад, Куба Поџо Бустоне, Италија Штајр, Австрија Шибеник, Хрватска
Поврзано
Тирено-Адријатико
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Градови во Марке Категорија:Општини во Покраината Асколи Пичоне