Комисијата за хартии од вредност претставува главен регулаторен и супервизорски орган на пазарот на капитал во Македонија. Седиштето на Комисијата за хартии од вредност се наоѓа во Скопје.
Основање и дејност Комисијата за хартии од вредност (КХВ) е основана на 19 јуни 1992 година со Одлука на Владата на Република Македонија. Таа е утврдена како самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања, согласно Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање акционерски друштва и другите подзаконски акти кои произлегуваат од нив.Комисија за хартии од вредност - Официјално мрежно место КХВ го регулира и контролира работењето со хартии од вредност на територијата на Република Македонија, се грижи за ефикасно и за законско функционирање на пазарот на хартии од вредност и за правата на инвеститорите, за јакнење на довербата на јавноста во институциите на пазарот на капитал итн.
Еднаш годишно, КХВ доставува извештај за својата работа до владата и до Собранието на Република Македонија, заедно со финансиските извештаи, изготвени според меѓународните стандарди за финансиско известување и ревидирани од овластена ревизорска куќа, и со финансискиот план за идната година.Член 230 од Законот за хартии од вредност, Сл. весник на Република Македонија, бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010 и 135/2011.
КХВ обезбедува средства за своето работење од надоместоците кои ги наплатува за покривање на трошоците за извршените услуги.Член 227 од Законот за хартии од вредност, Сл. весник на Република Македонија, бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010 и 135/2011. Од вишокот приходи над расходите на КХВ се формира резервен фонд чии средства се користат за премостување на неусогласеноста на приходите и расходите на КХВ и за развој на нејзиното работење.Член 228 од Законот за хартии од вредност, Сл. весник на Република Македонија, бр. 95/2005, 25/2007, 07/2008, 57/2010 и 135/2011.
Функции на КХВ КХВ ги извршува следниве основни функции: врши контрола на целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки за заштита на интересите на сопствениците и инвеститорите во хартии од вредност и спречува незаконски и нечесни дејствија во работењето со хартии од вредност, издава одобренија, дозволи и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност, го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите, го следи и го контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност, одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и за овластените друштва за управување со инвестициони фондови, дава согласност за именување на директорите на брокерските куќи, ги одобрува барањата за издавање хартии од вредност, се грижи за законски, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност, го одобрува донесувањето и измените на актите на депозитарот на хартии од вредност и на берзата, соработува со други институции во Македонија и во странство.
Наводи
Категорија:Економија Категорија:Финансии Категорија:Економија на Македонија Категорија:Финансиски систем на Македонија Категорија:Регулаторни тела во Македонија Категорија:Појавено во 1992 година во Македонија