Сан Канцијан д’Изонцо () или Шкоцјан на Соча () — општина во покраината Горица (Гориција) во регионот Фурланија-Јулиска Краина, Италија. Населението брои 6.383 жители.Население на 31 декември 2010 г. — ISTAT

Местото се наоѓа во поречието на Соча, 30 км од градот Горица и западно од Трст. Наречен е по мачениците Канциј, Канцијан и Канцијанила, погубени на ова место во 304 г. со обезглавување.

Во Сан Канцијан д’Изонцо е роден Фабио Капело, поранешен менаџер на фудбалската репрезентација на Англија.

Наводи

Надворешни врски

Општина Сан Канцијан д’Изонцо

Категорија:Градови во Фурланија-Јулиска Краина