мини|150п|лево|Пере Тошев, личност и дело, Светозар Тошев 300px|мини|десно|Споменик на Пере Тошев во Скопје 300px|мини|десно|Споменик на Пере Тошев во Прилеп Веднаш по ослободувањето и создавањето на современата македонска држава, македонскиот народ му одал видно признание на својот голем син. Перевата личност и дело, редовно се одбележува на свечените академии и други собири, во печатот, радиото и телевизијата. Голем број на училишта, улици, културно-уметнички друштва го носат неговото име. Во Македонија тој се слави како еден големите чинители во создавањето на македонската национална држава. Ѓорче Петров истакнува:

По повод дваесет години од прогласувањето на независноста на Република Македонија бил официјално отворен Музејот на македонската борба, во кој меѓу останатото се наоѓа и една восочна фигура на Пере Тошев . Во Бугарија, се оценува како за еден од најсимпатичните дејци на бугарското национално - ослободително движење по Берлинскиот конгрес ПЕРЕ ТОШЕВ - СЪВЕСТТА НА МАКЕДОНИЯ. Во периодот помеѓу 1944-1957 година од страна на бугарската држава бил почитуван како македонски национален херој Ванѓа Чашуле, Од признавање до негирање. Бугарски ставови за македонското прашање. Статии, говори, документи. Култура, Скопје, 1970.

На неговиот гроб во дворот на црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп се организираат комеморативни настани по повод годишнината од неговата смрт. Во научната историографија се објавени поголем број на документи и друг пишан материјал за животот и револуционерната дејност на Јане, придружени со по некоја фотографија како историско-илустративен изворен материјал. По повод 100-годишнината од неговото загинување во Прилеп бил откриен негов споменик, висок 2,40 метри и лиен во бронза од авторот Емил Солески . Советот на општината Центар најавил дека Пере Тошев ќе добие спомен-обележје. Споменикот на Пере Тошев ќе биде сместен во близина на Македонскиот народен театар. Спомен-обележјето е донација на Здружението на Егејци од Лерин Михајло Апостолски ќе се исправи кај Континентал, а Пере Тошев кај МНТ. Пере е опеан во одреден број на македонски народни песни, една од нив е Песна за Пере Тошев:

Проклети биле шпиони, што ми кладоја пусија, што ме кладоја в пусија, на Дреновската Клисура.

Катили, клети шпиони, дење и ноќе чекаја, дење и ноќе чекаја, најсетне ми дочекаја.

Ете го Пере кај иде, на коња со кирајџија, на коња со кирајџија, без пушка и без дружина.

Шпиони пушки грмеја, љуто го Пере ранија. Загина Пере војвода за жална Македонија . Извори

Категорија:Пере Тошев