Давид Вејо (; р. ) — поранешен канадски професионален друмски велосипедист, кој настапувал како професионалец од 2011 до 2013. Најголеми достигнувања му се победите на италијанскиот полукласик Тре Вали Варезине во 2012 и освојувањето на првата етапа на Критериум ду Дофине 2013.

Професионална кариера

Во 2011 година ја освоил првата победа со знакот на Јуропкар, трката Ла Руе Туранжел. Се одвоил во последните 30 километри со Антони Делаплас од екипата . Двоецот соработувал заедно и издржал пред нападите на групата, а Вејо на крајот го победил Делаплас во спринтот, додека групата стигнала само пет секунди подоцна.

Во пролетта 2012 година, Вејо бил дел од долгото бегство на монументот Париз-Рубе, кое било составено од дузина возачи. Се одвоиле на 70. километар, а биле достигнати по 110 километри. Пред Тур де Франс било објавено дека Вејо бил помеѓу кандидатите за екипата на трката, но на крајот не бил избран.

Во август 2012 година, Вејо настапил на Ми-Аут Бретон. Ја освоил воведната етапа, откако ги напуштил останатите членови на бегството и ги возел последните 15 километри потполно сам. Тој и неговата екипа успешно ја одбраниле водечката маичка на преостанатите три етапи и го освоил генералниот пласман со 57 секунди разлика пред второпласираниот. Истиот месец, Вејо направил голем чекор во неговата кариера со победата на Тре Вали Варезине, италијански полукласик. Вејо бил дел од бегството и се одвоил на 17 километри пред целта, победувајќи сам.

Во 2013 година, Вејо ја освоил првата етапа на Критериум ду Дофине откако бил во бегството, кое се распаднало во текот на етапата. Ја носел водечката маичка до хронометарот на четвртата етапа. Кратко по Дофине, Вејо бил потврден од како учесник на Тур де Франс, со тоа станувајќи првиот возач во историјата роден во Квебек, кој учествувал на трката. Во меѓувреме, Вејо го освоил генералниот пласман на трката Букл де ла Мајен. На 11 септември 2013 година го објавил своето повлекување од професионалниот велосипедизам, тврдејќи дека сака да ги продолжи своите машински студии на Универзитетот Лавал и да основа семејство.

Достигнувања

2005 1. Краен пласман Тур де л’Абитиби 2006 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 2007 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 2008 1. 20п Национално друмско првенство под 23 години 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Краен пласман Трка околу Пенсилванија 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. Краен пласман трка Елк Гроув 1. Етапа 5 Гран при Нејчр Вали 2009 1. 20п Национално хронометарско првенство под 23 години 1. Бодовен пласман Трка околу Јута 6. Дуо Норманд (со Рајан Андерсон) 10. Светско хронометарско првенство под 23 години 2010 1. 20п Национално критериум првенство 1. Краен пласман Класик Фичбург Лонгсјо 2. Краен пласман Трка Елк Гроув 3. Гран при Нејчр Вали 2011 1. Ла Руе Туранжел 2012 1. Краен пласман Ми-Аут Бретон 1. Етапа 1 1. Тре Вали Варезине 1. Пролог Тур д’Алзас (ТТТ) 2013 1. Краен пласман Букл де ла Мајен 1. Етапа 1 Критериум ду Дофине

Наводи

Надворешни врски

Профил на CyclingBase

Категорија:Канадски велосипедисти Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1987 година