Соча (, , ) — река во западна Словенија и североисточна Италија со должина од 138 км, од кои 96 км се на словенечка, а 43 км на италијанска територија. Има алпски карактер и извира од долината Трента и Јулиските Алпи во северозападна Словенија, на надморска височина од 876 м. Тече низ Бовец, Кобарид, Толмин, Канал, Нова Горица, Горица, влевајќи се во Јадранското Море кај италијанскиот град Монфалконе (Тржич).

Забележителности Реката има карактеристична смарагдна боја и претставува една од ретките во светот што ја задржува таквата боја по целото течение. Оваа особина е опишана во поемата „Реки“ на истакнатиот италијански поет Џузепе Унгарети. Соча претставува и инспирација за поемата „На Соча“ () на Симон Грегорчич,.Симон Грегорчич, „Сочи“, во: Родољубиве песме. Београд: Просвета (без дата), стр. 50-52. која се смета за ремек-дело на словенечка поезија.

Соча е позната по автохтоната пастрмка главатица која живее во горното течение на реката. Денес, таа важи за загрозена поради воведувањето на други видови во меѓувоениот период.

Поврзано Сочки фронт Горица (Италија) Горишка

Наводи

Надворешни врски

Хидрографски податоци за реката Соча кај Лог Чезсошки и Солкан — ARSO

Категорија:Реки во Словенија Категорија:Реки во Италија Категорија:Јадрански слив Категорија:Меѓународни реки во Европа Категорија:Сочки слив