мини|десно|260п|Франкфурт и Слубице еден до друг. мини|десно|260п|Поглед од Одертурм

Франкфурт на Одра (, сега службено Франкфурт (Одра)) — град во сојузната покраина Бранденбург, Германија, сместен на реката Одра, на германско-полската граница, веднаш спроти градот Слубице, кој бил дел од Франкфурт до 1945. На крајот на 1980-тите, населението во градот го достигнало својот врв со над 87.000 жители. Бројот се намалил на 70.000 во 2002, а во 2010 на само 60.000.

Официјалното име Франкфурт (Одра) и постарото Франкфурт на Одра се користат за да се направи разлика од поголемиот град Франкфурт на Мајна.

Историја

Градот Франкфурт ги добил своите права во 1253 на Брандендам, иако населбата е веројатно постара. Првите доселеници живееле на западните брегови на Одра; подоцна градот се проширил на источниот брег (денешниот Слубице). Кон крајот на средновековниот период, градот управувал со речната трговија помеѓу Бреслау и Штетин. Во 1430 Франкфурт се приклучил на Ханза, но само кратко време бил нејзин член.

Во април 1631, во текот на Триесетгодишната војна, Франкфурт бил место на случувањата на Битката кај Франкфурт на Одра помеѓу Шведското царство и Светото Римско Царство. По дводневната опсада, шведските трупи, поддржани од шкотските помошници,Mackillop (2003), p.64 го освоиле градот.Bröckling (1998), p.57 Со тоа победиле Швеѓаните. Градот бил кратко окупиран од царската руска армија во текот на Седумгодишната војна, во август 1759, како вовед во Битката кај Кунерсдорф.Anisimov, Evgeniǐ Viktorovich (1|995) Empress Elizabeth: Her Reign and Her Russia, 1741-1761. Academic International Press, p. 132. ISBN 0875691404

Со распадот на Маркгрофовијата Бранденбург во текот на Наполеоновите војни, Франкфурт станал дел од покраината Бранденбург во 1815. Во 19 век, Франкфурт имал важна улога во трговијата. Средишно поставен во Кралството Прусија помеѓу Берлин и Познањ, на реката Одра со голема речна трговија, градот бил домаќин на вториот најголем годишен саем (Messe) на Германското Царство, надминат единствено од оној во Лајпциг.

Не се водела битка за градот во 1945 во текот на Втората светска војна, иако градот бил прогласен за тврдина во обид да се блокира движењето на Црвената армија кон Берлин. Испразнетиот град бил запален. Повоената германско-полска граница била повлечена долж Одра, разделувајќи го Дамфорштат (Dammvorstadt) на источниот брег од остатокот на Франкфурт; кој станал полскиот град Слубице. Додека бил дел од комунистичка Источна Германија, Франкфурт бил администриран во рамките на округот Франкфурт на Одра. Станал дел од повторно создадената покраина Бранденбург со повторното обединување на Германија во 1990.

Денес, Франкфурт и Слубице имаат пријателски односи и водат неколку заеднички проекти и објекти. Полска се приклучила во Европската Унија на 1 мај 2004 и го прифатила Шенгенскиот договор на 21 декември 2007 што довело до отстранување на постојаните гранични контроли.

Во времето по паѓањето на комунизмот, Франкфурт страда од висока невработеност и низок економски раст. Неговото население се иселувало и бројот на жители паднал од околу 87.000 во 1990 на нешто под 60.000 денес.

ФК Викторија Франкфурт е локалниот фудбалски клуб.

Европски универзитет

Првиот универзитет во Маркгрофовијата Бранденбург бил франкфуртскиот Алма Матер Вјадрина, основан во 1506 од Јоаким Први Нестор. Првиот ректор, бискупот Георг фон Блументал (1490–1550), бил прочуен противник на протестантската реформација, откако останал католик. Исто така, Франкфурт го добил архиепископот Алберт од Бранденбург околу 1510, кој исто така станал гласен противник на реформацијата. Универзитетот бил затворен во 1811 и неговите средства биле поделени помеѓу двата нови универзитети основани од кралот Фридрих Вилхелм Трети: Универзитет Фридрих Вилхелм Берлин, денес Универзитет „Хумболт“ и Шлескиот универзитет „Фридрих Вилхелм“ во Бреслау, денес Вроцлавски универзитет.

Универзитетот бил повторно основан во 1991 со европска акцент, во блиска соработка со Универзитетот Адам Микјевич во Познањ, кои заедно го водат Collegium Polonicum во Слубице.

Меѓународни односи

Франкфурт на Одра, сместен на границата со Полска, игра специјална улога во германско-полските односи и европската интеграција. Дел од зградите на Европскиот универзитет Вијадрина се наоѓаат во Полска, во соседниот град Слубице. Исто така, универзитетот има голем број на проекти и иницијативи посветени на зближување на Германија и Полска и им нуди на своите студенти бесплатни полски јазични курсеви. Друг проект кој придонесува на германско-полското зближување во Франкфурт на Одра е куќата „Форст“, германско-полски студентски проект поддржан од градските власти и универзитетот,Euv-frankfurt-o.de кој бил опишан од поранешниот претседател на универзитетот како место каде „почнува Европа“.Berlinonline.de

Збратимени градови

Франкфурт на Одра е збратимен со:

Гожув Вјелкополски, Полска, од 1975 Слубице, Полска, од 1975 Ним, Франција, од 1976 Ванта, Финска, од 1987 Хајлброн, Германија, од 1988 Витебск, Белорусија, од 1991 Кадима, Израел, од 1997 Јума, САД, од 1997 Скандичи, Италија Враца, Бугарија, од 2009

Филмови во Франкфурт

Во последните години, Франкфурт бил домаќин на неколку познати германски филмови:

Halbe Treppe (2002) Lichter (2003) Die Kinder sind tot (2004) No Exit (2004) Kombat Sechzehn (2005)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Слубице - официјална страница на пограничниот град на Франкфурт Трамвај во Франкфурт на Одра

Категорија:Ханза Категорија:Поделени градови Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Безокружни градови во Бранденбург Категорија:Бранденбург (покраина) Категорија:Германско-полски гранични премини Категорија:Населени места основани во 13 век