Ормуски Проток или Ормуски Теснец ( Tangeh-ye Hormoz, Maḍīq Hurmuz) — проток помеѓу Оманскиот и Персискиот Залив. Ова е единствениот излез на Персискиот Залив на отворен океан и една од најважните геостратешки точки во светот. На северниот брег се наоѓа Иран, а на јужниот се сместени Обединетите Арапски Емирати и оманската ексклава Мусандам. Во најтесниот дел, протокот е широк 39 км (21 морска милја).
Низ протокот минува 20% од вкупното количество нафтата во светот и 35% од сите нафтоносни пловила. Поради ова, местото е од големо стратешко значење во меѓународната трговија, и причина за конфликт помеѓу силите, особено САД и Иран.
Протокот за првпат се споменува во поморскиот прирачник „Перипл на Еритрејското Море“ од I век.
Сообраќај Поради големата прометност, во Ормускиот Проток се имаат случено повеќе судири на бродови. За да се намали ризикот од вакви катастрофи, протокот е подвоен на две ленти — една за дојдовен и една за појдовен сообраќај. Од нив, едната се наоѓа во омански води, а другата во ирански.
Според Управата за енергетско информирање на САД, во 2011 г. низ протокот поминувале просечно 14 танкери дневно, носејќи 17 милиони барели (2.700.000 м³) сирова нафта. Ова претставува 35% од количеството на нафта што се превезува по морски пат и 20% од целиот нафтен сообраќај во светот. Во извештајот се вели дека 85% од сировата нафта била испорачана во Азија, највеќе во Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина.
Поврзано Ормуз Абу Муса Хормозган
Наводи
Mohammed Kookherdi (1997) Kookherd, an Islamic civil at Mehran river, III изд: Dubai
Надворешни врски
Ормуски Проток: политичка, економска, деловна, техничка и воена проблематика — Центар „Роберт Штраус“ Портал посветен на Ормускиот Проток со стари карти
Категорија:Протоци во Азија Категорија:Протоци во Индискиот Океан Категорија:Меѓународни протоци Категорија:Персиски Залив Категорија:Географија на Иран Категорија:Географија на Оман Категорија:Географија на Обединетите Арапски Емирати Категорија:Хормозган