мини|десно|240п|Зградата на Управа за геопросторно информирање на Јапонија Управа за геопросторно информирање на Јапонија ; }} — државна установа задолжена за премер и картографија на јавното земјиште во Јапонија. Од 1949 до 2010 г. установата се нарекувала Институт за географски премер.Ново име на институтот Работи во состав на Министерството за земја, инфраструктура и транспорт. Седиштето се наоѓа во градот Цукуба во префектурата Ибараки.

Во рамките на дејноста, управата раководи и со Научниот музеј на картографијата и премерот () во Цукуба.

Земјотресно предвидување Почнувајќи од 1996 г., управата постојано мери и набљудува сеизмички активности во Геодетската опсерваторија во Мизусава и станицата Есаши. Во нив се мерат флуктуациите во Земјиното магнетно поле што одговараат на сеизмички бранови и пореметувања, со цел да се дојде до што понавремено утврдување на земјотреси .

Управата членува во Координативната комисија за предвидување на земјотреси.Организации со кои соработуваме — Координативната комисија за предвидување на земјотреси

Поврзано Јапонски картографски симболи Географија на Јапонија Министерство за земја, инфраструктура и транспорт

Наводи

Надворешни врски Управа за геопросторно информирање на Јапонија

Категорија:Географски организации Категорија:Организации во Јапонија Геопросторно информирање