мини|десно|300п|Карта на војводствата во Полска Војводството () е крупна административна единица на Полска уште од XIV век, па до денес.

Постојат 16 војдовства, воведени со реформите на локалната самоуправа (1999), заменувајќи ги дотогашните 49 војводства од 1975 г.

Денешните војводства се претежно наречени по историско-географските области, а оние до 1998 г. ги носеле имињата на нивните административни центри. По површина се движат од 10.000 км2 (Ополско Војводство) до над (Мазовско Војводство), а по население, од милион (Лубушко Војводство) до преку пет милиони (Мазовско Војводство).

Административните надлежности управник назначен од владата — војвода (), обласно собрание () и извршни власти избрани во собрание. На чело на извршната власт стои маршалек . Војводствата понатаму се делат на окрузи (повјати) и општини (гмини).

Надлежности Надлежностите на војводствата се поделени помѓу војводата, обласното собрание и извршната власт. Во сите случаи освен два, сите служби и установите се наоѓаат во административниот центар.

Војводата го назначува премиерот како обласен претставник на централната влада и началствува со државните установи во војводството (на пр. противпожарна служба, пасошки одделенија, инспекторати и сл), раководи со државната сопственост во областа и раководи со работата на локалната управа и јавната проблематика, но има и посебни овластувања во случај на вонредна состојба.

Обласното собрание се бира на секои четири години, на истите локални избори каде се бира управата во окрузите и општина|општините. Носи подзаконски акти, вклучувајќи го буџетот и стратегијата за развој на војводството. Ова тело го избира маршалекот и другите членови на извршната власт, кои пак одговараат пред него.

Извршниот огранок () е задолжен за изготвување на буџет и развојни стратегии, спроведување на донесеното во обласното собрание, раководење со средствата на војводството и рази други аспекти од обласната политика како управувањето со средствата од ЕУ.

Список на војводства

Кратенка Грб Код Рег.таб. Војводство Админ. центар Површина(км2) Население(2003) Население(2004) WM 50п 28 N Варминско-мазурско (warmińsko-mazurskie) Олштин 24 202,95 1 428 885 1 428 385 WP 50п 30 P Големополско (wielkopolskie) Познањ 29 825,59 3 359 932 3 362 011 DS 50п 02 D Долношлеско (dolnośląskie) Вроцлав 19 947,76 2 898 313 2 895 729 ZP 50п 32 Z Западнопоморско (zachodniopomorskie) Шчеќин 22 901,48 1 696 073 1 695 708 KP 50п 04 C Кујавско-поморско (kujawsko-pomorskie) Бидгошч¹Торуњ² 17 969,72 2 068 142 2 067 548 LD 50п 10 E Лоѓско (łódzkie) Лоѓ 18 219,11 2 597 094 2 592 568 LU 50п 06 L Лублинско (lubelskie) Лублин 25 114,48 2 191 172 2 187 918 LB 50п 08 F Лубушко (lubuskie) Гожув Вјелкополски¹Желона Гура² 13 984,44 1 008 786 1 009 177 MA 50п 14 W Мазовско (mazowieckie) Варшава 35 597,80 5 135 732 5 139 545 MP 50п 12 K Малополско (małopolskie) Краков 15 144,10 3 252 949 3 256 171 OP 50п 16 O Ополско (opolskie) Ополе 9 412,47 1 055 667 1 053 723 PD 50п 20 B Подласко (podlaskie) Бјалисток 20 179,58 1 205 117 1 204 036 PM 50п 22 G Поморско (pomorskie) Гдањск 18 292,88 2 188 918 2 192 404 PK 50п 18 R Поткарпатско (podkarpackie) Жешув 17 926,28 2 097 248 2 097 325 SW 50п 26 T Светокришко (świętokrzyskie) Келце 11 672,34 1 291 598 1 290 176 SL 50п 24 S Шлеско (śląskie) Катовице 12 294,04 4 714 982 4 707 825 (¹) седиште на војводата (²) седиште на собранието и маршалот

Поврзано

Географија на Полска Демографија на Полска Административна поделба на Полска ISO 3166-2:PL

Наводи

„Полска“, Енциклопедија „Британика“, XV изд, 2010, Macropaedia, Том 25, стр. 937. „Полска“, Енциклопедија „Колумбија“, VI изд, уред. Пол Лагасе, Columbia University Press, 2000, стр. 2256. „Полска“, Светска книга на факти на ЦИА 2010, Њујорк, Skyhorse Publishing, Inc., 2009, ISBN 9781602397279, стр. 546.

Надворешни врски Региони во Полска Топонимски прирачник за картографи и други корисници — Управа за геодезија и картографија 2002 Полска: Административна поделба — „Светска книга на факти“

Категорија:Административна поделба на Полска Категорија:Списоци за Полска Категорија:Првостепени административни единици на земјите