Минстер () — град во сојузната држава Северна Рајна-Вестфалија, Германија.
Историја Градот Минстер е основан од страна на мисионерот Лудгер, кога Карло Велики го пратил да ги крсти Фризите и Саксонците. Во 793 г. Минстерската епископија во 799 г. ја прогласил папата Лав III, а Лудгер во 805 г. бил првиот епископ. Минстер бил еден од водечките градови на Ханзеатскиот сојуз.
За време на Реформацијата, во Минстер анабаптистите ја презеле власта во побуна наречена Минстерско востание (1534-1535). Анабаптистите по преземањето на власта ги запалиле сите книги, освен Библијата, но нивната власт траела само една година.
Во Минстер и во Оснабрик во 1648 г. бил потпишан Вестфалскиот мир, со кој е ставено крај на Триесетгодишната војна. Со Минстер и државата со векови владееле спископи сè до 1803 г. Тоа била најголемата црковна територија во Светото Римско Царство. Од 1815 до 1946 г. Мистер бил престолнина на пруската покраина Вестфалија.
Во сојузничкото бомбардирање во 1944 и 1945 г. било уништено околу 63% од градот. Стариот град е уништен во Втората светска војна (91% од градот), но бил обновен во 1950-тите години.
Географски и демографски податоци мини|лево|Положбата на Минстер во округот Градот се наоѓа на надморска височина од 60 метри. Површината на општината изнесува 302,9 км2. Во самиот град, според проценките од пописот од 2010 г. живееле 275.543 жители. Просечната густина на населението изнесува 910 жит/км2. Има регионална шифра(AGS) 5515000, NUTS (DEA33) и LOCODE (DE MSR) код.
Знаменитости Во Минстер денес постојат 8 универзитети и високи училишта, како и провинциски судови. Градот е познат и по големата употреба на велосипеди.
Наводи
Надворешни врски Портал на Минстер Сојузен завод за статистика Стална конференција на градови и општини -{KommOn }- - Информациски систем на градови, општини и окрузи План на населението по мапи (-{Mapquest}-) Градски панорами
Категорија:Градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Ханза Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Безокружни градови во Северна Рајна-Вестфалија Категорија:Вестфалија (покраина) Категорија:Населени места основани во 8 век