Гугол — голем број кој може да се претстави како10100. Станува збор за број во кој првата цифра е 1, а потоа следат 100 нули:    

10.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000

Називот за овој број го дал внукот на американскиот математичар Едвард Каснер. Називот за овој број станал популарен во неговата книга „Математиката и имагинацијата“ која била објавена во 1940 година.

Технолошката компанија Google своето име го добила според овој број со тоа што спелувањето на англиски е променето.

Литература

Надворешни врски

Категорија:Броеви Категорија:Математика Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ Категорија:Неологизми Категорија:Цели броеви