Рестелица (, ) — село во општина Драгаш во областа Гора, југозападно Косово. Атарот на селото зафаќа површина од . Ова е најголемо горанско село во шарпланинскиот дел на Гора. Сите топоними во селото ги зачувале првобитните словенски називи. Во Рестелица постоела српска православна црква посветена на Света Варвара, која, според преданието била манастир. Сочувани се и стари православни гробишта. Ова е најјужната населба во Косово, како и најголемо село по површина и жители.
Демографија
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 850 јужнословенски муслимани.
Селото има горанско етничко мнозинство.
Број на населението на пописите:
1948: 1393 1953: 1471 1961: 1772 1971: 2576 1981: 3476 1991: 4274 2011: 4698 2024: 2630
Попис 2011
Наводи
Категорија:Населени места во Косово Категорија:Гора Категорија:Драгаш Категорија:Горански населби во Косово