Директори — српска ои, панк рок, и ска група од Белград, кој е основан 1989 година. Членови на групата се: Небојша Дракула, Срџан Мариќ, Мирослав Пилиповиќ, Драган Рашковиќ, и поранешниот член Предраг Тошовиќ.

Историја на групата Групата е основана 1989 година, прва песна е „Го мразам Хајдук"(Мрзим Хајдук), која е објавена 1990 година, а прв албум е „Ќе ги чистите улиците"(Чистичете улице) кој е издаден во 1994 година. Најпознати песни се: „Доаѓа возот" (Иде воз), „Кој е светски шампион" (Ко је светски шампион), „Под сливите" (Под шљивама), „Пролет" (Пролече), "Животинска фарма" (Животињска фарма), и „Пиво“.

Политичка позадина Во текот на своето постоење, групата снимила повеќе социјални и политички песни, од кои најпознати се „Го мразам Хајдук" (Мрзим Хајдук), во која пеат против претседателот на Хрватска, Фрањо Туџман. Исто така во текот на демонстрациите на 9 март, 1991 година, поради апсењето на Вук Драшковиќ, групата ја снима песната „Бандо црвена“, во која пеат против комунизмот и режимот на Слободан Милошевиќ, која подоцна често се изведувала на митинзите на тогашната опозиација.

Албуми ИмеОбјавено Ќе ги чистите улиците (Чистичете улице) 1994 Лесли се враќа дома (Лесли се враћа кући) 1994 Еве ви го (Ево вам га) 1999 УА директори! 2006

Надворешни врски Интервју со групата (balkanmedia.com) Интервју од 1993 година (pressing-magazine.com) Литература EX YU ROCK енциклопедија 1960-2006, Петар Јањовиќ, ISBN 978-86-905317-1-4

Категорија:Музички групи основани во 1989 година