„Symphony of Destruction“ е песна од хеви метал бендот Мегадет, издадена како сингл од нивниот студиски албум Countdown to Extinction. Тектот е политички обоен, а во него се зборува за држава која е водена од страна на невидлива и марионетска влада. Песната е напишана и компонирана од вокалот и гитарист на бендот, Дејв Мастејн. Од нејзиното објавување па до денес, композицијата уживала значајна радио и ТВ промоција, што придонело да стане една од најпознатите песни на Мегадет.

Музичката критика позитивно ја оценила нумерата, а бил снимен и видео запис под режисерската палка на Вејн Ишам. Спотот бил доста емитуван на англиската МТВ, но поради контроверзниот текст и насилната содржина на филмскиот запис спотот постепено бил испуштан од списокот на песни за емитување. На спотот секој член свири поединечно, додека во останатиот дел на црно-бела слика е прикажано убиството на политички кандидат, што подоцна предизвикало масовни протести и безредија. Со текот на времето, песната била активно присутна во медиумите, а била и преработена од повеќе рок состави.

Список на песни „Symphony of Destruction“ - 4:02 „Peace Sells“ (во живо) (снимено за време на турнејата Clash of the Titans, на стадионот Вембли, октомври 1990)

Пласман на табелите Табела НајвисокоместоБилборд Хот 100 (САД)71Рок нумери (САД)29Канада91Ирска14Нов Зеланд 15Велика Британија 15

Музички персонал Дејв Мастејн - вокал и ритам гитара Марти Фридмен - водечка гитара Дејвид Елефсон - бас гитара Ник Менза - тапани

Наводи

Надворешни врски Текстот на песната Спотот за „Symphony of Destruction“ на YouTube

Поврзано Мегадет Countdown to Extinction

Категорија:Песни на Megadeth