Фазаните () се семејство на птици каде спаѓаат фазаните, еребиците, бисерките, кокошките, потполошките и пауните. Поради нејзината големина, фамилијата напати се раздвојува на две потсемејства: фазани (Phasianinae), и еребици (Perdicinae). Некои стручњаци во фамилијата вклучуваат и птици од други фамилии. Така, Американскиот сојуз на орнитолози ги вбројува тетребите (Tetraonidae), бисерките (Numididae) и мисирките (Meleagrididae) како потсемејства на фазаните.
Систематика и еволуција
Кладот на фазаните е најголем огранок на кокошковидните птици и опфаќа над 150 вида. Во групата спаѓаат фазаните, еребиците, банкивските кокошки, потполошките и пауните. Се смета дека мисирките и тетребите потекнуваат од птици налик на фазаните и еребиците.
Најстарите фосилни наоди на птици од групата на фазаните датираат од доцниот олигоцен, пред околу 30 милиони години.Mayr G., Poschmann, M. and Wuttke, M. (2006). "A nearly complete skeleton of the fossil galliform bird Palaeortyx from the late Oligocene of Germany." Acta Ornithol., 41: 129–135.
Опис Фазаните се земни птици. По големина се движат од 43 гр (кинеска потполошка) до 6 кг (индиски паун). Се одликуваат со полов диморфизам во големината, мажјаците се претежно поголеми од женките. По облик се заоблени, имаат широки и релативно кратки крила и силни нозе. Многу видови на нозете имаат мамуски, што постојат само во оваа група и кај бисерките и мисирките. Клунот е краток и силен, особено кај видовите што се хранат копкајќи во земјата. Мажјаците од поголемите видови имаат шарено перје со живи бои и украси на лицето како подбрадок или кикиришка (грива).
Географска застапеност и живеалиште Птиците од оваа фамилија живеат во најголемиот дел од Европа и Азија (освен во најсеверните делови), цела Африка (освен најсувите пустини) и источна Австралија. Најголема разновидност се среќава во југоисточна Азија и Африка. Конгоанскиот паун го има само во Конго. Потсемејството на еребиците е многу пораспространето. Во својот ареал, присутни се во сите можни живеалишта освен субарктичките шуми и тундрата.
Фамилијата е претежно непреселничка, со исклучок на некои потполошки, кои одат на големи преселби. Неколку вида од фамилијата се воведени нашироко во целиот свет, особено фазаните, кои се внесени во Европа, Австралија и Америка. Постоајт популации на пауни и кокошки што живеат подивени во природата, откако избегале од стопаните.
Поведение и екологија Фазаните и еребиците имаат разновидна исхрана: некои имаат чисто растителна исхрана (семки, листови, плодови, кртоли и корења), а некои се хранат со мали животинки како инсекти, ларви, па дури и гуштерчиња. Највеќето видови се построго поделени на месојадни и тревопасни, со тоа што пилињата кај сите видови јадат инсекти.
Покрај разликите во исхраната, членовите на фамилијата се разликуваат и по начинот на парење. Доста видови не се моногамни, што е необично за птиците во целина. Гнездата ги градат на земја. Само трагопаните се гнездат повисоко, во пенушки и грмушки. По облик, гнездата се движат од растителни купови до мали вдлабнатини во земјата. Обично снесуваат 7-12 јајца, но можат да снесат дури и 18. Просечниот број на снесени јајца е помал кај тропските видови. Јајцата ги квачи само женката, во период од 14–30 дена, зависно од видот.McGowan, P.J.K. (1994) Family Phasianidae (Pheasants and Partridges) P.p. 434-479 in del Hoyo, J.; Elliot, A. & Sargatal, J. (editors). (1994). Handbook of the Birds of the World. Volume 2: New World Vultures to Guineafowl. Lynx Edicions. ISBN 84-87334-15-6
Фазаните како тема во уметноста и во популарната култура „Кога летаат фазаните“ (хрватски: Kad fazani lete) — песна од истоимениот музички албум на хрватската група Азра (Azra) од 1983 година.Amazon.co.uk, AZRA - Kad fazani lete, Album 1983 (CD) (пристапено на 12.1.2017)Discogs, Azra (3) – Kad Fazani Lete (пристапено на 18.12.2021)
Наводи
Надворешни врски
Видеоснимки од фазани — „Интернет-збирка на птици“