мини|237x237пкс|Розата на ветрови е симбол на Англиканската заедница (мото: Вистината ослободува) Англиканска заедница () — меѓународна асоцијација на национални англикански цркви. Не постои единствена „Англиканска црква“ со универзален правен авторитет и секоја национална и регионална црква има своја автономија, но се во целосно канонско единство со Црквата на Англија. Статусот на целосно канонско единство значи дека меѓу овие цркви постои заемна согласност за најважните доктрини и Причеста во секоја месна црква е возможна за секој англиканец.
Со приближно 77 милиони следбеници, Англиканската заедница е една од најголемите христијански заедници во светот.Jack Miles. Anglicans of the World Disunite: IHT Feb 28, 2007 Некои од црквите на оваа заедница се познати како англикански (т.е. јасно ја препознаваат нивната историска поврзаност со Англија (Ecclesia Anglicana е латински за „англиска црква“); други, како што се Американската и Шкотската епископална црква, или Црквата на Ирска, претпочитаат посебни именувања. Секоја црква има своја доктрина и литургија, и е управувана од местен примат.
Архиепископот од Кантербери, примат на Англиканската црква, нема службена канонска или административна власт надвор од неа, но е признат како симболичен поглавар на Заедницата. Во однос на приматите на другите месни англикански цркви, тој ужива на првенство на честа (primus inter pares — „прв меѓу еднаквите“).
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Англиканство