мини|Езеро во Даме Даме-Шпревалд () округ во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Одра-Шпре, Шпре-Ниса, Горен Шпревалд-Лужица, Елба-Елстер и Телтов-Флеминг и со градот Берлин.
Историја
Областа Шпревалд отсекогаш била центар на лужичката култура. Во средновековниот период градовите Либен и Лукау последователно биле главни градови на маркгрофовијата Долна Лужица. Од 1815 Долна Лужица била дел од Прусија. Во текот на 19 век областа останала претежно земјоделска и единствено во северниот дел (блузу Берлин) се случила одредена урбанизација.
Кога била основана покраината Бранденбург во 1990 биле основани окрузите Либен, Лукау и Кенигс Вустерхаузен, но во 1993 овие три окрузи биле споени.
Географија
Реката Шпре влегува во округот во југоисточниот дел и излегува низ североисточниот. Пошумената област долж нејзините брегови се наречени Шпревалд. Шпревалд е најзападниот дел на Лужица. Особено градовите Либен и Либенау прекуваат многу туристи секоја година, нудејќи патувања со брод и можност за поминување на одморот во преубавата природа на Шпревалд.
Реката Даме е притока на Шпре. Создава многу езера во северниот дел на округот. Даме го напушта округот кон Берлин, каде понекогаш се користи за бродски трки. На крај се влева во Шпре.
Грб
100п|ГрбГрбот прикажува: горе лево: бикот е хералдичко животно на Лужица горе десно: орелот е хералдичко животно на Бранденбург долу: круната го прикажува поранешното ловалиште на пруските кралеви, кое се наоѓало во Кенигс Вустерхаузен
Градови и општини
Слободни градовиОпштински заедници Кенигс Вустерхаузен Либен (Шпревалд) Лукау Митенвалде
Слободни општини Бестензе Ајхвалде Хајдеблик Хајдезе Меркише Хајде Шенефелд Шулцендорф Вилдау Цојтен1. Либерозе/Горен Шпревалд Алт Цаухе-Вусверк Билегуре-Билен Јамлиц Либерозе1, 2 Ној Цаухе Швилохзе Шпревалдхајде Штраупиц
2. Шенкенлендхен Грос Керис Халбе Меркиш Буххолц2 Минхехофе Шверин Тојпиц1, 23. Долен Шпревалд Берстеланд Дрансдорф Голсен1, 2 Казел-Голциг Краусник-Грос Васербург Рицнојендорф-Штаков Шлепциг Шенвалд Штајнрајх Унтершпревалд1седиште на општинската заедница;2град
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Туристичка страница за Шпревалд Биосферен резерват Шпревалд