Средниот северен нуркач (Mergus serrator), познат во Македонија и како белез е средно голема водна птица од семејството патки, редот на гусковидните. Една од најценетите птици-работнички во риболовот со птици на Дојранското ЕзероСостојба со птиците во Македонија 2012
Распространетост Белезот се размножува во северните делови на Европа, Азија и Северна Америка. Зимува по јужните крајбрежја на Европа, вклучително и Македонија. Живее крај езера, реки, морски и океански крајбрежја. Претпочита солени води.
Таксономија Средниот северен нуркач бил опишан со своето сегашно научно име од страна на Карл Лине во неговата книга од 18 век, Systema Naturae.
Опис Возрасниот белез е долг 51–62 cm со распон на крилјата 70–86 см. Тој има остра креста (пувка) и долг тенок црвен клун со назабени рабови. Изразен е половиот диморфизам. Мажјакот има темна глава со зелен сјај, бел врат и гради со боја на ’рѓа, грбот му е црн, а долните делови бели. Возрасните женки имаат сивкасто тело и глава со боја на ’рѓа. Младенчињата се како женките, но немаат бело кај вратот и на крилата.
Пливаат и нуркаат многу добро, но и по земја се движат, исто така, добро.
Женките се огласуваат со рапаво „праак-праак“, а мажјаците со тивки звуци како кивавица.
Исхрана Средниот северен нуркач претежно се храни со мали риби, но и со водни инсекти, ракови, и жаби. Кога се храни нурка во водата и до длабочина од 30 метра и се задржува под вода пола минута, а најчесто околу 15 секунди.
Размножување Средниот северен нуркач (белезот) е моногамна птица. Гнездото го прави на земја сред густа вегетација и високи треви подалеку од водата. Несе 4-14 јајца. Ги инкубира само женката во тек на 29-35 дена. Малечките се испилуваат доволно развиени да можат да се движат и хранат самостојно и го напуштаат гнездото уште првиот или вториот ден. Еден пар одгледува само едно легло годишно.
Статус На средниот северен нуркач се однесува Договорот за заштита на африканско-евроазиските миграторни водни птици.
Наводи
Надворешни врски Cornell Lab of Ornithology-Red-breasted Merganser Massachusetts Breeding Bird Atlas-Red-breasted Merganser Среден северен нуркач, видеа, фотографии и звуци на Internet Bird Collection
Категорија:Нуркачи (птици) Категорија:Птици на Македонија Категорија:Гусковидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј