Свети Константин и Елена — главна селска црква во струмичкото село Моноспитово, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото.

Историја

Била изградена во 1838 година и е најстара црква во регионот. Според други информации, црквата била изградена во 1834 година, а била доградена во 1837 година.

Архитектура

Храмот има облик на трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на три кораби.

Првобитно, тремовите на црквата биле подигната на сите страни во облик на буквата „П“, но бидејќи јужната страна немала никаква функција при неодамнешната реконструкција на црквата, истиот трем бил изоставен.

Апсидата на црквата е уште подекоративно конципирана, што е видливо како резултат на моменталните заштитни активности во црквата за што сите фасади се соголени од малтерните облоги. Имено, апсидата на моноспитовската црква е расчленета со седум високи, а плитки, удвоени ниши, разделени со широки пиластри, поставени врз сосем ниско цокле. Лаците на нишите се изведени од тула, како и либажните слоеви за израмнување и лаците над прозорците, додека преостанатата ѕидарија е изработена од кршен камен во нерамномерен слог, со исклучок на аглите на наосот, влезните портали и прозорските отвори.

Градбата на црквата е во добра состојба. Во 2022 година биле вршени реконструктивни зафати на црквата. Како несоодветни елементи се забележуваат поставените клима-уреди и парното греење.

Фрескоживопис

Црквата била живописана во 1858/59 година од зографот Андон Петров Ангелков. Внатрешноста на црквата е живописана само во горните партии и тоа над капителите од колоните во средниот кораб, на јужниот и северен ѕид и во олтарниот простор.

Живописот е во лоша состојба.

Икони и иконостас

Во црквата работел зографот Никола Михајлов, кој во 1860 година изработел неколку празнични икони, додека Андон Петров во 1858 година ги изработил престолните икони.

Одделни икони биле подарок од Илјо Младеновиќ, од Велко Пановиќ од селото Габрово и од Дино Манчо — од Бориево, од Коте Годев.

Галерија

Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Босилово

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Константин и Елена во Македонија