Винченцо Енцо Мареска (роден на 10 февруари 1980, во Понтекањо Фајано) — италијански фудбалски тренер и поранешен, играч од средниот ред. Во моментов ја води екипата на .

Во неговата земја тој играл за неколку клубови вклучувајќи го и Јувентус, кој го позајмил на двапати за време на траењето на неговиот договор. Ослободен од Јувентус во 2004 година, тој одиграл една сезона во Фјорентина, а потоа ја продолжил својата кариера во Шпанија играјќи за Севиља (четири години) и Малага, a помеѓу двете шпански екипи одиграл една сезона и во грчкиот Олимпијакос. Во 2012 година, тој се вратил во Италија, каде ги минал последните сезони од својата играчка кариера играјќи за , и , пред да се пензионира во 2017 година.

Мареска ја претставувал Италија на младинско ниво, вклучувајќи ги и 15-те настапи за селекцијата под 21 година.

Клупска кариера Почетоците на кариерата и Вест Бромвич Албион Роден во Понтекањо Фајано, округот Салерно, Мареска започнал да игра фудбал на возраст од 11 во екипата на Милан. По три години тренирање со росонерите, тој му се приклучил на Каљари. Во текот на летото 1998 година, Мареска ја напуштил Италија и се пресели во англискиот клуб Вест Бромвич Албион, за кого го направил своето професионално деби во Првата дивизија. Тој најчесто бил резерва во својата прва сезона, но затоа во втората се изборил за стартер. Мареска направил вкупно 47 настапи за ВБА и постигнал 5 гола и станал еден од омилените играчи кај навивачите. Во јануари 2000, на возраст од 19 години, тој се вратил во Италија, каде бил купен од страна на Јувентус за 4.3 милиони фунти што била рекорна продажба на Албион во тоа време.

Јувентус и позајмиците во Болоња и Пјаченца Приклучувајќи му се на Јувентус под водство на Карло Анчелоти, тој дебитирал во Серија А на 12 март 2000, појавувајќи се како доцна замена во победата со 2-0 над Пјаченца во гости. Тоа останал неговиот единствен настап за таа сезоната.

Тој бил позајмен на Болоња во сезоната 2000-2001 и одиграл 23 натпревари во Серија А за овој клуб без постигнат гол.

Пред почетокот на сезоната 2001-02 новиот тренер на Јувентус, Марчело Липи, го враќа Мареска во Торино. Својот прв гол во Серија А, Мареска го постигнал на 24 февруари 2002, носејќи му бод на Јуве во градското дерби против ФК Торино, израмнувајќи го резултатот на 2-2 со гол во 89-тата минута.Торино - Јувентус 2-2 24.02.2002 Тој претходно постигнал еден погодок и во Купот на Италија. Тој направил 16 лигашки натсапи за бјанконерите во оваа сезона, која победнички завршила за Мареска и неговите соиграчи, бидејќи Јувентус го освоил скудетото во драматичен крај на првенството.

Во следната сезона Мареска бил пратен уште еднаш на заем, приклучувајќи и се на Пјаченца. Тој бил еден од најдобрите играчи на тимот оваа сезона постигнувајќи 9 гола во 31 настап, но и покрај тоа Пјаченца испаднала од Серија А.

По испаѓањето на бело-црвените, Мареска се вратил во Јувентус за да ја одигра својата последна сезона од својот договор. Тој одиграл 20 натпревари и постигнал 3 гола во лигата, а исто така го постигнал и својот прв гол во Лигата на шампионите, стрелајќи во мрежата на Олимпијакос во победата на Јуве со 7-0.

Фјиорентина Во летото 2004, Фјорентина го ангажира Мареска заедно со Фабрицио Миколи и Џорџо Кјелини за 13 милиони €, поседувајќи половина од договорите на овие играчи заедно со Јувентус. Тој го направил своето официјално деби на 12 септември, играјќи 60 минути во поразот со 0-1 нагостувањето кај Рома.

На крајот на сезоната, тој за малку избегнал испаѓање од највисокото ниво со Виола и Јувентус ги откупил назад договорите на сите три играчи за 6.700.000 € во слепа аукција помеѓу клубовитеФинансиски извештај на 30 јуни 2005 ; официјално мрежно место на Јувентус

Севиља На 16 јули 2005 година, Мареска се преселил во Севиља во Шпанија, за трансфер-сума од 2.500.000 €, потпишувајќи четиригодишен договор.. html Мареска потпиша за Севиља; UEFA.com, 16 јули 2005 година Тој брзо се претворел во клучен играч за својот нов клуб, и ја заврши неговата прва сезона во Ла лига со 29 натпревари и осум гола, додавајќи 11/3 во победничката кампања во Купот на УЕФА, вклучувајќи ги и двата гола во финалето против Мидлзборо (4-0) каде што бил, исто така, именуван и за играч на натпреваротco.uk/sport2/hi/football/europe/4751467.stm Мидлзборо 0-4 Севиља; БиБиСи Спорт, 10 мај 2006 Тој ја донирал паричната награда од 10,000 € што ја заработил во финалето за Сан Хуан де Диос болницата во Севиља.Енцо Мареска прогласен за човек на натпреварот во финалето;Marca, 10 мај 2006

Мареска одиграл 45 минути во финалето на Купот на УЕФА во Глазгов на Хампден Парк, каде Севиља успешно ја одбранила својата европска титула, победувајќи го Еспањол. Тој се појавувал во игра во просек на 22 натпревари во лигата во последните три години заедно.

Олимпијакос На 13 јули 2009 година, Мареска потпишал три-годишен договор со Олимпијакос во Грција. Тој постигнал гол во неговото деби во грчката Суперлига, во победата со 2-0 над Лариса, и се настапувал редовно во текот на сезоната 2009-10 кога клубот од Пиреја завршил на второто место.

Малага По завршувањето на неговиот договор со Олимпијакос, во август 2010 тој тренирал со својот поранешен клуб Фјорентина. На 7 декември било објавено дека тој е во преговори со Малага; откако ги поминал медицинските тестови тој потпишал со андалусијците до јуни 2012.

Maresca го направил своето лигашко деби за својот нов тим на 8 јануари 2011 година, играјќи 57 минути во домашното реми 1-1 против Атлетик Билбао. На 7 мај, тој придонел со еден гол во успехот на клубот против Атлетико Мадрид со 3-0.

Сампдорија На 2 јули 2012 година, откако неговиот договор истекол, Мареска потпишал нов едногодишен врска со Малага. На 30 август, тој сепак одлучил да се врати во својата земја по седум години, приклучувајќи се на Сампдорија за 2.000.000 €.

Палермо На 15 јануари 2014, потпишал за Палермо.

Титули Јувентус Серија А (1) : 2001–02 Суперкуп на Италија (1) : 2003

Савиља Куп на УЕФА (2) : 2005-06, 2006-07 УЕФА Супер Куп (1) : 2006 Копа дел Реј (1) : 2006-07 Суперкуп на Шпанија (1) : 2007

Надворешни врски Статистика на Tutto Calciatori BDFutbol профил National team data Профил на transfermarkt

Наводи

Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Вест Бромвич Албион Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери на ФК Пјаченца Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Фјорентина Категорија:Фудбалери на ФК Севиља Категорија:Фудбалери на ФК Олимпијакос Категорија:Фудбалери на ФК Малага Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Тренери на ФК Парма Категорија:Тренери на ФК Лестер Сити Категорија:Тренери на ФК Челси Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1980 година