рамка|десно|Професор д-р Славе Ристески Професор д-р Славе Ристески е роден на 20.06.1950 година во с. Издеглавје, Охрид. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје ( 1973 година ) , а магистрирал на Економскиот факултет во Белград ( 1980 година ) , на стадиумот од областа на Статистичката анализа во економијата. Докторирал на Економскиот факултет во Скопје во 1987 година, на тема од областа на Пазарот на трудот. На Економскиот факултет во Скопје работи од 1974 година, најпрво како асистент, од 1987 година како доцент, а во 1992 е избран како вонреден професор и во 1997 година е избран за редовен професор. Во три мандата бил шеф на Катедрата за математика, статистика и информатика. Бил продекан за финансии на Економскиот факултет во Скопје. Д-р Славе Ристески бил член на Економскиот совет на Владата на Република Македонија и на Советот на Заводот за статистика на Република Македонија. На Економскиот факултет во Скопје, д-р Славе Ристески ги предавал следниве научни дисциплини: Основи на статистичка анализа, Стопанска и деловна статистика, Демографија и економска статистика. Со новиот наставен план ги предава дисциплини: Статистика за бизнис и економија, Демографија и анализа на временски низи. Раководител е на постдипломскиот студиум Статистички методи за бизнис и економија каде ги предава дисциплините: Мултивариациони статистички методи и Анализа на временски низи. Дополнително, предава и научни дисциплини на третиот циклус на студии. Професор д-р Славе Ристески остварил повеќе студиски престои во странство, меѓу кои може да се истакнат престоите на: Универзитетот ,,Карлос Три” во Мадрид, Универзитетот ,,Рома Три” во Рим , Универзитетот ,, Рен Два “ во Рен, Универзитетот ,, Деусто “ во Билбао и ,, Источномедитерански универзитет ” во Кипар.60 години Економски факултет - Скопје : Економски факултет, 2012

Публикации

Квантитативна анализа за формирање на работната сила – 1984 Работната сила и прашањата на положбата на вработеноста во СР Македонија- 1987 Примена на статистичките методи во економските истражувања – 1988 Економска статистика – 1991 Економска статистика - 1992 Основи на статистичка анализа - 1993 Статистика за менаџмент и економија – 1994 Статистика за менаџмент и економија – 1996 Демографска транзиција во Македонија – 1996 Економска статистика – 1997 Статистика за менаџмент и економија - 1998 Демографски движења и процеси во Република Македонија (1948-1990) – 1998 Статистика за бизнис и економија – 1999 Демографска статистика – 2000 Статистика за бизнис и економија – збирка задачи - 2001 Статистика за бизнис и економија II издание - 2003 Економска статистика-модели на доработка на статистички податоци – 2004 Демографски методи со демографска анализа – 2006 Статистика за бизнис и економија III издание – 2008 Демографија - методи и анализа – 2009 Статистика за бизнис и економија IV издание – 2010 Вовед во анализата на временските низи - 2012

Истражувања

(Не)Потребата за концепирање и донесување на доследна и диференцирана популациона политика во Република Македонија – 2003Годишник на Економски факултет - Скопје 2003 Придонесот на нобеловците Енгл и Гренџер за усовршување на статистичките методи за анализа на економските временски низи – 2004Годишник на Економски факултет - Скопје 2004 За феноменот на втората демографска транзиција -2006Годишник на Економски факултет - Скопје 2006 Оценување и предвидување на бруто-домашниот производ на Република Македонија – 2007Годишник на Економски факултет - Скопје 2007 Невработеноста во Република Македонија: Одлики, структура и мерки – 2008Годишник на Економски факултет - Скопје 2008 Интензивниот процес на демографската транзиција и импликациите врз демографскиот развој на Република Македонија – 2009Годишник на Економски факултет - Скопје 2009 Прашања и проблеми поврзани со регионалната демографска хетерогеност во Република Македонија – 2011Годишник на Економски факултет - Скопје 2011 Прашања и проблеми поврзани со мерењето на животниот стандард на населението на Република Македонија - 2012Годишник на Економски факултет - Скопје 2013

Наводи

Категорија:Македонски економисти Категорија:Македонски злосторници