Градската ластовичка (Delichon urbicum) е птица преселница, која се размножува во Европа, северна Африка и умерените делови на Азија; а зимува во Сахара, во Африка и во тропските делови на Азија. Mоже да се најде и во природата и блиску до населените места. Таа се среќава и во Македонија.

Опис

Возрасната градска ластовичка е долга 13 см, со распон на крилјата од 26 до 29 см, и просечно тежи околу 18.3 гр. Има сина глава и горен дел со бел заден и долен дел, кафеави очи и мал црн клун додека неговите канџи како и видливиот дел од нозете им се розови. Половите се слични меѓу себе, но младите ластовички се целосно темноцрни, освен крилјата кои имаат бели краеви. Градската ластовица лета со просечно 4.4 замавнувања во секунда. Оваа ластовица е гласна птица, особено кога се пари.

Распространетост и живеалиште

Најомиленото живеалиште на градската ластовичка се отворените простори со ниска вегетација, како пасишта, ливади и ниви блиску до вода, иако може да се најде во планини со висина најмногу до 2 200 метри. Додека се сели, оваа ластовичка се храни во воздух со инсекти, и најчесто патува преку ден, иако некои птици летаат и ноќе.Kube, Jan; Kjellén Nils; Bellebaum, Jochen; Klein, Ronald; Wendeln, Helmut: "How many diurnal migrants cross the Baltic Sea at night? " Instituts für Vogelforschung Poster. Преселбата си носи и свои опасности; во 1974 година, неколку стотини илјади ластовички биле најдени мртви или пред умирање на Алпите и околните делови, поради тешките налети на снег и ниските температури. Преживувањето на возрасните ластовички за време на есенската преселба зависи најмногу од температурите, но ниските температури се покритични за младите.

Поведение

Размножување

Градската латовичка првично се гнездела во пештери и гребени; и некои колонии кои се гнездат во гребени сè уште постојат, и го градат гнездото под висечка карпа. Денес, овие ластовички најчесто прават гнезда на објекти изградени од луѓето, како што се мостовите и куќите. За разлика од селската ластовичка, градската ластовичка повеќе ги користи надворешните делови од населените објекти, отколку внатрешноста на штали и амбари. Гнездото е во вид на затворена шолја, фиксирана на греда, со тесен отвор на врвот. Се гради од страна на двата пола со кал и пелети коишто ги вградуваат со помош на клуновите, и покриена со трева, или друг мек материјал. Калта ја собираат од вирови, бари или потоци. Оваа ластовичка се размножува колонијално, и гнездата многу често им се блиски едно до друго. Многу е честа групата од помалку од 10 гнезда, но има и колонии кои направиле рекорд од илјадници гнезда. Најчесто се снесуваат 4-5 јајца, со просечни димензии 1.9x1.7 см, и тежат 1.7 гр. Инкубацијата трае 14-16 дена. Новородените пилиња не се способни да се грижат за себе, но по 22-23 дена, зависи од времето тие стануваат независни и го напуштаат гнездото. Овие ластовички најчесто имаат по 2 легла годишно, и првото легло се поправа и употребува одново и одново.

Исхрана

Исхраната на градската ластовичка е слична со исхраната на другите ластовички и се состои најчесто од инсекти кои ги фаќа при летање. Овој вид лови на просечна висина од 21м за време на сезоната за парење, но во влажни услови пониско. Најчесто ловат во регион од околу 450 м од леглото.

Ластовицата како тема во уметноста и во популарната култура „Змијата и ластовицата“ — басна на американскиот писател Емброуз Бирс.Емброуз Бирс, Басни. Скопје: Темплум, 2016, стр. 11. „Телеграма од ластовичките“ — песна за деца на хрватскиот поет Григор Витез.Григор Витез, Песни. Мисла, Македонска книга, Култура, Наша книга и Детска радост, Скопје, 1990, стр. 22. „Ластовици“ — краток расказ на македонската писателка Лилјана Дирјан.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 122. „Непослушното ластовиче“ — расказ за деца на македонскиот писател Киро Донев од 2013 година.Киро Донев, Приказни од куќичката на дрво. Скопје: Македоника литера, 2013, стр. 49-50. „Ластовички“ — краток расказ на македонскиот писател Тоде Илиевски.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 113. „Ластовици“ — песна на македонскиот поет Блаже Конески.Блаже Конески, 'Везилка''. Скопје: Арс Ламина - публикации, Арс Либрис, 2021, стр. 40. „Ластовици“ — песна на Блаже Конески од 1988 година.Блаже Конески, Црква. Скопје: Арс Ламина - публикации, 2021, стр. 50. „Ластовиче долета“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 84. „Ластовичка“ - краток расказ на македонскиот писател Иван Точко.Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: Антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 17. Ластовица — македонска музичка група.

Наводи

Надворешни врски

House Martin videos, photos & sounds on the Internet Bird Collection (Common) House Martin – Species text in The Atlas of Southern African Birds. Ageing and sexing (PDF; 1.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Ластовици Категорија:Врапчевидни Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј