Белоглава патка (Oxyura leucocephala) е вид птица од семејството патки со тврда опашка. Ја има во Македонија.

Распостранетост Овој вид патка се среќава во ограничени области на Европа, најмногу е застапена во Шпанија и северна Африка, западна и Средна Азија. Зимува на Балканскиот Полуостров и тогаш доаѓа во Македонија, но поголемиот број зимуваат во југозападна Азија.

Опис Возрасните мажјаци имаат сиво-црвеникаво тело, син клун, а главата им е бела со црвена капа и црвен врат. Возрасните женки имаат сиво-кафено тело, имаат бело лице, темен клун и шарен образ. Долги се 43-48 сантиметри, а тешки се 580-750 грама.

Исхрана Се хранат со ракови, инсекти, алги, семиња, мекотели.

Размножување Нивните гнезда се наоѓаат во близна на морињата, а понекогаш користат и напуштени гнезна на други видови. Несат од 5 до 15 јајца, со димензии 66х50 мм и со маса од околу 100 грама, а лушпата е груба и дебела. Кога се свежи се со сина боја, а подоцна стануваат жолтеникави. Малите почнуваат да летаат на два-два и пол месеци.

Наводи

Надворешни врски

ARKive - images and movies of the white-headed duck (Oxyura leucocephala) BirdLife Species Factsheet

Категорија:Патки Категорија:Гусковидни Категорија:Птици на Македонија