Чапји () — семејство долгоноги птици од редот на пеликановидните (Pelecaniformes) кои живеат крај вода, и има околу 64 вида. Класификацијата на поодделни видови задава тешкотии, па понекогаш може да се сместат во нови редови и семејства. Тие се слични со штрковите, ибисите и лажичарките, а се разликуваат од нив по начинот на летање, бидејќи летаат со згрчен врат (а не со испружен).
Опис
Чапјите се средни до големи птици, со долги нозе и вратови. Тие покажуваат сосема мал полов диморфизам во својата големина. Најмалатите чапји се долги 30 cm, а најголемите 152 cm. Вратот може да го држат во форма на S, да го издолжуваат и да го згрчуваат. Го држат згрчено за време на летање, за разлика од сите други долговрати птици. Нозете им се долги и силни, и речиси кај сите видови долниот дел им е без пердуви. Кога летаат, нозете и стапалата им се наназад. На нозете имаат долги тенки прсти, од кои три им се свртени нанапред, а еден наназад. Клуновите им се обично долги и во облик на харпун. Варираат од многу фини, елегантни, до затапени и дебели. Клуновите, како и другите делови без перја им се обично жолти, црни или кафени, но и тие бои може да се менуваат во сезоната на парење. Пердувите на чапјите се меки, а перјето е сино, црно, кафено, сиво или бело.
Поведение Исхрана
Чапјите се месојадци. Тие живеат крај вода, и нивната исхрана се состои претежно од водни животни: риби, водоземци, влекачи, водни инсекти и сл. Ловат, така што мирно стојат крај водата и чекаат пленот да се приближи во нивниот домет. Понекогаш, прават сенка со своите крилја, за подобро да гледаат во водата и се наведнуваат подолу, за клунот да им е поблиску до пленот. Кога ќе го здогледаат пленот, се движат малку лево-десно, да ја проценат положбата и потоа го прободуваат со својот клун. Во ловот, може да бидат и поактивни, а не само да стојат и чекаат, одејќи полека и гонејќи го пленот откако ќе го здогледаат. Понекогаш ги употребуваат нозете, за да го избркаат скриениот плен.
Размножување Чапјите се моногамни и претежно се размножуваат во колонии. Во колониите може да живеат повеќе видови чапји како и други видови водни птици. Прво мажјаците доаѓаат и го градат гнездото и со свои изведби ги привлекуваат женките. Откако ќе се спарат, заеднички продолжуваат да го градат гнездото. Гнездата ги градат до или над вода, врз вегатеација, ретко на земја. Некои видови гнездата ги прават вискоко на дрвјата. Вообичаено, чапјите излегнуваат 3-7 јајца. Тие се сјајно сини или бели, освен кај големите чапји кои имаат маслинасто-кафени јајца.
Систематизација
Во 2008 година, по извршените анализи и студии, семејството на чапјите беше ставена во редот на пеликановидните, а претходно беа во редот на штрковидните.Gill, F. & D. Donsker (Eds). (2010). Family Links . IOC World Bird Names (version 2.4).
Во семејството на чапјите се разликуваат неколку потсемејства со нивните родови:
потсем. Tigrisomatinae
род Cochlearius род Tigrisoma род Tigriornis род Zonerodius
потсем. Botaurinae
род Zebrilus род Ixobrychus род Botaurus
потсем. Ardeinae
род Zeltornis род Nycticorax род Nyctanassa род Gorsachius род Butorides род Agamia род Pilherodius род Ardeola род Bubulcus род Proardea род Ardea — типични чапји (11–17 вида) род Syrigma род Egretta род Mesophoyx
Наводи
Надворешни врски
Заштита на чапјите — стручна група на МСЗП Видеа со чапји — Семрежна збирка на птици
Категорија:Пеликановидни