Меѓународниот парк Долна долина на Одра е природен резерват кој се протега во Германија и Полска. Се протега на западните брегови на реката Одра во рамките на округот Укермарк во германската сојузна покраина Бранденбург, како и стрмните источни брегови во Грифинскиот и Полицкиот округ во Западнопоморското Војводство понасевер.
Германскиот дел од областа е Националниот парк Долна долина на Одра (Nationalpark Unteres Odertal). Постои информативен центар во Кривен, градска единица во Швет. Полскиот дел од областа е „Пејзажен парк Долна долина на Одра“ (Park Krajobrazowy Dolina Dolnej Odry).
Областа зафаќа 165 км2 (Германија 105 км2, Полска 60 км2); заедно со блиските природни резервати во Германија и Полска, вкупната област е 1.172 км2. Со одлука на германско-полскиот Совет за животна средина во 1992 министрите за животна средина на Германија, Полска и Бранденбург, како и војводата на Шчеќин го создале Меѓународниот парк Долна долина на Одра.
мини|лево|240п|Поглед од Крајник Долни на полската страна од границата
На рамниот западен брег на Одра постојат неколку насипи, кои имаат за цел контролирање на нивото на водата и заштитуваат од поплави кои обично се можни во текот на зимата и пролетта. Водата тече слободно низ широките подрачја за поплавување до април, кога повторно се затвораат браните, а преостанатата вода се исушува.
Фауна
Постои специјална заштитна област за птици.BirdLife International (2012) Important Bird Areas factsheet: Lower Oder valley. Downloaded from http://www.birdlife.org on 27/11/2012 Овие површини се живеалишта на птиците црн штрк, водно шаварче и косац. Постојат и животни како видри и дабари.
Флора
Постојат растенија како субмедитеранскиот даб.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на паркот Туристичко биро
Категорија:Национални паркови во Германија Категорија:Заштитени области во Бранденбург Категорија:Швет Категорија:Прекугранични заштитени области Категорија:Туристички атракции во Бранденбург