мини|Поглед на Преспанското Езеро од местото викано Ветарник Преспанско Езеро — природно езеро кое го делат три држави: Македонија (најголем дел), Грција и Албанија. Во рамките на Македонија, тоа се наоѓа во југозападниот дел од земјата. Претставува важно водно живеалиште и затоа е прогласено за рамсарско место. Прогласено е за споменик на природата во 1977 година. Веднаш југоисточно од него е Малото Преспанско Езеро.

Преспанско Езеро се соочува со сериозна еколошка катастрофа.Сребра Ѓорѓијевска, „Има ли спас за Преспанското Езеро?“, „Факултети“, 26.2.2020. Во 2020 година е забележано најголемото досегашно опаѓање на нивото на езерото, кое на места изнесува минус 250 до 260 сантиметри во висина, односно под нормалното ниво на водостојот.„Голем пад на водостојот“, ТВ Телма, 7.12.2019. Нивото на водата е намалено за 9 метри, а зафатнината за 50 %, крајбрежната линија е повлечена за 3,5 км, има исушени блата, мал дотек на чиста, свежа и богата со кислород вода, големо присуство и концентрација на сулфати и пестициди, продор на сончевите зраци до дното, дислокација и наголемување на количината и просторот со присуство на разни видови алги, намалената чистота на водата и друго. Се проценува дека езерото изгубило седум проценти од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година.„Климата и земјоделството го цедат античкото Преспанско Езеро“, TRT Balkan, 26.4.2023.

Географски одлики Кога зборуваме за Преспанското Езеро, мораме да појдеме од котлината затоа што е тоа производ на природните случувања во неа и нејзин составен дел. Преспанската котлина се наоѓа во западниот дел на етничка Македонија и на крајниот југозападен дел на Реублика Македонија. Делбите почнале на карта 1912 г., а практично на терен завршиле во 1924 г. Така сега од вкупната површина на хидролошкиот слив на Преспанска Котлина 1350,00 км2 припаѓа на: Република Македонија дел со површина од 761,6 км2, или 56,42% Република Грција дел со површина од 321,6 км2, или 23,82% Република Албанија дел со површина од 266,8 км2, или 19,76%

Преспанската Котлина северната граница ја има на 41 степен и 25 минути, јужната на 40 степен и 40 минути северна географска широчина и источната на 21 степен и 16 минути и западната на 20 степен 49 минути и 40 секунди источна географска должина.

Од источната страна е Пелагониската Котлинa, од западната Охридската Котлина, од северната Охридската и Демир-Хисарската Котлина и од јужната Костурската, Билиштанската и Корчанската (Горичката) Котлина. Котлинската рамка е повисока од котлинското дно, нивото на езерото, од 1.548 метри на Баба Планина, до 25 метри на превалот во клисурата "Грло", на крајниот југозапад на Малото Преспанско Езеро (МПЕ). Иако има висока рамка, преку превалите "Ѓавато" 1.167 мнв., "Превал“ 1.035 мнв, "Грло" 875 мнв, "Превтис" (Ѕвезда) 1.085, "Полце" (Пресека) 1.568 мнв и "Буково" 1.207 мнв е лесно (патно сообраќајно) до соседните котлини и пошироко.

Котлината има издолжена, неправилна форма во меридијален правец, облик на круша. Најголемата должина е 60,00 км, а широчината изнесува од 7,00 до 30,00 км. На јужниот дел на котлината, е природната акумулација Преспанско Езеро, со надморска височина при максимално ниво на водата 851,83 метри. При пониско ниво езерото со планината Сува Гора и песочниот провлак "Гладно Поле" (во насока с. Р'би - с. Перово, Кула по грчки) е поделено на Големо и Мало Преспанско Езеро. Површинска врска помеѓу двете езера, е Перовска Река која има максимална должина до 300,00 метри при ниско ниво, а при максимално не постои, се поплавува песочниот провлак, а двете езера стануваат едно (1918 г., 1941 г., 1948 г., и 1963 г.)

Големото Преспанско Езеро се наоѓа на надморска височина од 853 метри и има површина на воденото огледало од 276,2 км2Јоновски, Ј. Кирил. „Преспа - историска енигма“. Скопје, 2002, стр. 14, од кои во Македонија 191.4 км2, во Грција 37,6 км2, во Албанија 46,2 км2. Најголемата длабочина на Преспанското изнесува 76 метри и се наоѓа кај месноста Казан пред северниот одрон на Пречна Планина, додека максималната должина изнесува 28 километри, а најголемата широчина 17 километри.

Малото Преспанско Езеро се наоѓа на 856 метри надоморска височина и е за 3 метри повисоко до Големото Преспанско Езеро при што негоите води преку природен прокоп кај јужниот дел на провлаката Гладно Поле и некогашното старо село Долно Перово истекуваат во Големото Преспанско Езеро. Малото Преспанско Езеро има површина од 50,7 км2, од кои во Грција 45,9 км2 и во Албанија 4,8 км2.

Вкупната површина на Преспанското Езеро изнесува 325,9 км2. (Податоциве се читани, мерени, пресметувани од топографски карти во размер 1:100.000 и 1:50.000).

Во Преспа на островот Ахил во Малото Преспанско Езеро, во 976 г. се создало Самоиловото Царство.

Геолошки одлики thumb|400px|Топографска карта на охридско-преспанскиот крај Геолошките истражувања во Преспанската, заедно со Битолската и Охридската Котлина се започнати уште во почетокот на 19 век. Во континуитет траат и до денес. Така што можеме да кажеме дека имаме една добра база за геолошката состојба во котлината. Источната гранична рамка, блокот на Баба Планина со Бигла и Плаќенска Планина во основа се гранитни, водонепропустливи стенски маси. Површинскиот (фреатскиот) слој со длабочина 12,00 - 15,00 метри е водопиен, вододржлив и изворски и кладенски. Затоа на источната рамка имаме повеќе постојани и повремени водотеци.

Западната рамка, блокот на Галичица со Стара Планина, Иван Планина и Корбец, се варовнички и порозни. Врнежите што паѓаат на нив, ги впиваат водите и преку подземни канали ги носат во Охридската Котлина и Езеро. Пр. Велгошките Извори, Студенчишта и многу подводни извори до Св.Наум како и изворите во с.Тушемиште и Загоричани во Албанија. Дното на Охридското Езеро е пониско од Преспанското за 400,00 метри, а разликата во нивоата на водата изнесува околу 150,00 метри. На делот од Сир Хан до клисурата Грло, нема нуту едно поточе што носи вода во Преспанското Езеро. Таквиот геолошки состав и одлика на стените овозможил природен понорен-подземен истек на водата од Преспанското Езеро. Практично Преспанското Езеро и Преспанската Котлина се извориштето на реката Црн Дрим. Изворите кај Св. Наум се површинска појава на водата од "големиот природен кладенец" Преспанско Езеро, која понира преку понорот Завер.

Котлинското дно го сочинуваат: чакалесто песокливи и глинести седименти од с. Избиште до Сир Хан; чакалестопесочни седименти источно од с.Јанковец до Макази; флувиоглацијални наслаги од Макази до Маркова Нога; алувијални наслаги во средишниот дел, Ресенско Поле, Асамати и Наколец; езерски и барски седименти северно од с. Перово и јужно од с. Стење; органогено мочуришни седименти во Перовско и Езеренско Блато;пролувијални наслаги во Стенска увала.

Тектонски одлики Преспанската Котлина е дел од Западно-македонската тектонска зона. Неа ја формираат морфоструктури на издигање и тонење со надолжен правец), како последица на радијалните движења на Земјината кора и неколкуте напречни раседи. Морфоструктурите на издигање ги прават: на исток блокот на Баба Планина долг повеќе од 45,00 км, на север одвоен од блокот на Бигла, Илинска и Плаќенска Планина со Ѓаватскиот расед, на запад блокот на Галичица во кој влегуват, Петринска Планина, Исток Планина, Галичица и Сува Планина и на југ Иван Планина и Корбец. Морфоструктурата на тонење е самата котлина-котлинското дно, на чиј југ е природната акумулација Преспанското Езеро. Дното на котлината е наведнато од север кон југ до правецот с.Герман-с.Горица и од југ кон север до истиот правец, од каде како најнизок дел со пад кон заливот Завир влегува во понорот Завир. Со испитувањата кои биле извршени во 1925 година, било утврдено дека од понорот Завер истекува во Охридското Езеро, а со незапаметеното повлекување на водата во 2002 година понорот Завер за првпат се нашол на копно.Јоновски, Ј. Кирил. „Преспа - историска енигма“. Скопје, 2002, стр.155

Како последица на тектонските движења во езерото се формирале четири острови и тоа: Голем Град во делот на Р Македонија и Мал Град во делот на Р Албанија, во големото Преспанско Езеро и Ахил и Видринец во Малото Преспанско Езеро во делот на Р Грција.

Во самиот езерски простор постои потонатина, напречна, на правците Отешево Асамати на север и Стење-Казан-Лиса-рот Коњски. Почнува од Отешево-Стење и кај Асамати има длабочина на денивелацијата 21 метри. Од тука продолжува надолжно до Долно Дупени, каде има денивелација 22,00 метри.

Варовничкото крајбрежје од Казан (Стење) до Пустец и од Ротино до Перово и околу островите, е со вертикални спили високи 30.00 до 50,00 метри. На нив и во нив, ударите на брановите направиле поткапини и пештери. На повисоките, над нивото на водата, монасите направиле пештерни цркви, молитвеници, свети места и исцртале фрески на повеќе светци.

Климатски одлики Географската положба, надморската височина, високите рамковни планини, присуството на природно акумулираната вода во езерото и др., ја прави климата во котлината специфична.

Северниот дел на котлината има континентална клима со поладни зими, а јужниот е под влијание на продорот на средоземната клима со побллаги зими. Езерото е/беше катализатор на климата во котлината.

Во Преспанска Котлина мерењето на врнежите е започнато во 1930 г. Тогаш во с. Брајчино формирана е првата станица за мерење на врнежите. Во април 1935 год во с.Стење, е поставена нивомерна летва за мерење на нивото на водата во Големото Преспанско Езеро. Мерната станица ја поставил Милорад Сибиновиќ дипл.инж.хидролог, којшто започнал трајни хидролошки истражувања во Преспанската и Охридската Котлина. После Втората светска војна, формиран е Републичкиот Хидрометеоролошки Завод, којшто официјално ги извршувал овие задачи. Воспоставени се станици за мерење на врнежите во Ресен, Стење, Асамати, а нивомерни во Асамати и Наколец. Грците започнале со мерење во 1954 г. со нивомерни летви во Перово (Долно Перово), Кулата, една за малото, една за големото Преспанско Езеро. Тие работеле до 1992 г., до смртта на човекот што ги вршел мерењата. На просторот околу МПЕ поставиле и неколку станици за мерење на врнежите. Албанците пак ги користеле нашите податоци објавувани во годишните извештаи на СФРЈ.

За хидролошкиот период 1961 г. до 1991 г. регистрираме: Апсолутно најниската температура на воздухот изнесува -26,5°С, регистрирана на 14 јануари 1968 г. Апсолутно максималната температура изнесува +37,6°С, регистрирна на 6 јули 1988 г. Пролетта е поладна од есента. Мај е поладен од септември. Мразот најрано се јавува во октомври, а најдоцна во мај. Просечниот мразен период изнесува 167 дена, а екстремниот 232 дена, Врнежите се под влијание на средоземниот плувиометриски режим. Просечната годишна сума на врнежи изнесува, 730,1 мм/м2/ год. Врнежите паѓаат во ладниот дел од годината, ноември до мај (јуни). Јули и август може да бидат и без врнежи. Снегот просечно се јавува од крајот на ноември до крајот на март. Котлината има подолготрајно сончево зрачење. Просечно годишно имаме 2295 сончеви часови. Од ветровите најголема зачестеност има северниот и источниот ветер. Од другите правци ветровите се со помала зачестеност. Одлика е што во текот на денот дуваат од копното кон езерото, а во другиот дел од езерото кон копното. Маглата е ретка појава. Просечно годишно се јавува 3-5 денови и тоа во зимскиот период од годината. Просечната релативна влажност на воздухот изнесува 73,5%.

Хидрографски податоци

Хидрографијата на котлината ја прават: подземните води, изворите, природните водотеци, изградените од човекот водни објекти и природната акумулација езерото. Подземни води: Досегашните истражувања и сознанија кажуваат дека: