Синозелена боја (или цијан, од ) — назив за секоја боја во опсегот помеѓу сината и зелената. Во минатото не се сметала за посебна боја од видливиот спектар - боите што денес се нарекуваат синозелени се сметале за сини или делумно зелени и немале свое име бидејќи важеле за мешавини. Во системот на адитивни бои, поимот синозелена (цијан) се однесува на бојата што се добива при мешање на подднакво количество на сина и зелена светлина. Се добива и со отстранување на црвената од белата светлина, што значи дека е комплементарна на црвената: синозелените пигменти ја впиваат црвената светлина. Присутна е во бојните системи RGB и CMYK.
Некои тонови близу до синозелената се берија, тиркизната боја, електричната сина и аквамаринот.
Електрична наспроти печатарска
Силната синозелена бојна што се гледа на електронските приказни уреди се нарекува и „електрична синозелена“ за да се разликува од потемната тиркизна како печатарската синозелена (process cyan) согласно CMYK што се користи во печатењето во боја.
Семрежната боја „вода (аква)“ е синоним за електричната синозелена.
Во природата и науката
Молекули Чистата вода е речиси безбојна, меѓутоа прима малку повеќе црвена отколку сина светлина, што и ја дава синкавата нијанса при достатно голема количина. Ситните честички во водата го зголемуваат распрснувањето на сината светлина и таа се поместува малку кон зелената. цијанидот го добил името од синиот пруски пигмент што се содржи во неговиот јон.
Бактерии Синозелени алги (цијанобактерии), важна алка во ланецот на исхрана.
Астрономија Планетата Уран има синозелена боја бидејќи атмосферата ѝ изобилува со метан.
Енергетика Земен гас (метан) што се користи во домаќинството и индустријата има синозелен пламен.
Медицина Цијаноза - абнормално синило на кожата поради слаб довод на кислород
Поврзано Тиркизна боја Берија (боја) Аквамарин (боја)
Наводи
Категорија:Нијанси на синозелената боја Категорија:Нијанси на сината боја Категорија:Нијанси на зелената боја