Унионе Спортива Сасуоло Калчо — италијански фудбалски клуб, со седиште во Сасуоло, Емилија-Ромања.
Во моментов тие се натпреваруваат во Серија А, првото ниво на италијанскиот фудбал, за шеста сезона по ред откако биле шампиони во Серија Б во сезоната 2012-2013.
Прекарот на клубот е нероверди , односно црно-зелените.
Историја Формирање и почетоци Клубот Сасуоло, бил основан во 1920 година, а со Италијанската фудбалска федерација се поврзал на 17 јули истата година, и во почетокот тие ги користеле истите бои којшто се наоѓале на општинскиот грб, односно жолтата и црвената боја. Тимот многу години учествувал на аматерски турнири во Емилија каде што биле родени многу соперништва со: Карпи, Ротеља, Вињола, Гуастала, Мирандолезе, Барака Луго меѓу главните.
Серија Ц1 Како тим со долга историја во пониските фудбалски лиги, Сасуоло изборил промоција во Серија Ц1 во 2006 година, по победата во плејофот над Сансовино во финалето. Во следните години, Сасуоло се покажал како сериозен кандидат за промоција во Серија Б, која им побегнала за малку во 2007 година, со Џан Марко Ремондина како тренер, откако тие ја загубиле директната промоција од Гросето во последното коло од сезоната, а биле поразени од петтиот во регуларниот дел од сезоната Монца во плејоф полуфиналето. Ремондина потоа заминал од Сасуоло за да го преземе Серија Б тимот Пјаченца, и поранешниот Серија А играч Масимилијано Алегри бил избран за нов тренер.
Серија Б thumb|left|160px|Масимилијано Алегри, тренер на Сасуоло во 2008 Според тренерот Алегри, Сасуоло брзо ги оживеал своите надежи конечно да добие промоција во Серија Б, тоа конечно станало вистина на 27 април 2008 година, кога Сасуоло ја освои титулата во Серија Ц1/А лигата, со што обезбедил историска промоција во Серија Б, првата нивна сезона во ова ниво во историјата на клубот.
По промоцијата во второто ниво на италијанскиот фудбал, Алегри го оставил Сасуоло за да ја преземе тренерската функција во Серија А тимот Каљари. Во јули 2008 година, клубот објавил дека поранешниот тренер на Аталанта и Сиена Андреја Мандорлини ќе го води Сасуоло во сезоната 2008-09.
Сасуоло имаше фантастичен и изненадувачки почеток во својата прва кампања во Серија Б во сезоната 2008-09 држеле позиција во зоната на плејофот многу долго време, но тие успеале да освојат само два бода во последните 5 натпревари и на крајот завршиле на 7. место, што е исто така многу импресивно остварување за ново-промовираниот тим. И покрај успешната сезона, Мандорлини го оставил Сасуоло по заемна согласност, во јуни 2009 година, а тие за нов тренер го именувале Стефано Пиоли на 11 јуни 2009 година.
Сасуоло успешно се квалификувал за баражите за промоција во Серија А во сезоните 2009-10 во кои влегле како четврти, и 2011-12 како трети, но биле елиминиранани во полуфиналето во двете сезони.
Конечно за време на сезоната 2012-13, под водството на новиот тренер Еузебио Ди Франческо, Сасуоло ја освојува титулата во Серија Б и обезбедува промоција во Серија А за првпат во историјата на клубот. Тие биле во суеверено водство од самиот почеток на првенството, но една серија на лоши резултати во месец март им дала можност на конкурентите Хелас Верона и Ливорно да се доближат до нив. Во пресрет на последното коло, Сасуоло влегол како водач со 82 бода, еден повеќе од Верона, а два повеќе од третиот Ливорно. Во последниот натпревар од сезоната Сасуоло го победил Ливорно на домашен терен со 1-0, со ги избегнале плеј-оф натпреварите и ја освоиле титулата во Серија Б што им донела историска прва промоција во Серија А.
Серија А За време на пред сезонските подготовки, Сасуоло настапувал на Трофео Тим купот каде што ја освоиле титулата со пораз на пенали од Јувентус и победа потоа над Милан со 2-1. Така тие станале прв тим кој победил на овој турнир, а тоа да не е Јувентус, Интер или Милан.
На 25 август во првиот натпревар од првата сезона на клубот во Серија А, Сасуоло загубил од Торино во гости со 2-0.http://www1.skysports.com/football/live/match/300466/ Торино - Сасуоло 2-0 Во првиот натпревар на домашен терен следната недела Сасуоло одново доживеал пораз со 1-4 од Ливорно, а Симоне Ѕаѕа станал првиот стрелец на неровердите во највисокото ниво на италијанскиот фудбал.http://www1.skysports.com/football/live/match/299347/report/ Сасуоло - Ливорно 1-4 По лошата серија на резултати во почетокот на сезоната кога Сасуоло запишал четири порази во првите четири натпревари, во петтото коло тие го освоиле првиот бод, играјќи 1-1 со Наполи на гостински терен на 25 септември, а изедначувачкиот гол го постигнал повторно Ѕаѕа.http://www1.skysports.com/football/live/match/299246/report/ Наполи - Сасуоло 1-1 Една недела подоцна, тимот го освојува својот прв бод на домашен терен играјќи 2-2 со Лацио на 29 септември.http://www1.skysports.com/football/live/match/303022/report/ Сасуоло - Лацио 2-2 На 20 октомври 2013 година, Сасуоло ја остварил својата прва победа во Серија А, победувајќи ја Болоња со 2-1 на домашен терен со головите на Доменико Берарди и Антонио Флоро Флорес, со што клубот за првпат успеал да го напушти последното место на табелата.http://forzaitalianfootball.com/2013/10/sassuolo-2-1-bologna-neroverdi-leapfrog-rossublu-after-home-win/ Нероведите ги прескокнаа Рособлу по победата на домашен терен со 2-1 На 3 ноември Сасуоло ја забележал првата победа во гости откако ја совладале Сампдорија со 4-3, а хет-трик во тој натпревар постигнал Берарди.http://www1.skysports.com/football/live/match/299284/report/ Сампдорија - Сасуоло 3-4
Бои и химна Бои Основните бои на Сасуоло се црна и зелена, па оттука и прекарот нероверди (превод на мак. црно-зелени). Тековниот дрес на клубот има комбинација од двете бои вертикално и наизменично поставени, но во минатото имало повеќе различни стилски експерименти, често поврзани со модата во моментот. Како втор дрес, изборот скоро секогаш паѓал на целосен бел дрес со црно-зелени детали, и конечно, во последниве години, исто така, бил создаден третиот дрес, обоен со сина боја.
Химна Сегашната химна на Сасуоло е нероверди , направена во 2013 од страна на Нек, пејач и текстописец роден во Сасуоло.
Стадион Од 1972 до 2008 година домашен стадион на Сасуоло бил Енцо Ричи, но поради скромниот капацитет (4000 гледачи), клубот ги одиграл сезоните во Серија Б на стадионот на Модена, Алберто Браља Додека клубот настапувал во Серија Б, тие го користеле Енцо Ричи стадионот за тренинг.
По промоцијата на тимот во Серија А, тие се преселиле на Мапеи-Чита дел Триколоре стадионот каде што играат и денеска.
Играчи Моментален состав
Рекордери Статистиката е ажурирана на 12 јули 2015
+Играчи со најмногу одиграни натпревари за СасуолоМестоИме на играчотНатпревари 1 Франческо Мањанели 337 2 Гаетано Масучи 227 3 Николо Консолини 219 4 Марко Пичони 202 5 Алберто Помини 178 6 Лујџи Бертолини 155 7 Филипо Пенсалфини 147 8 Мауро Роберто 128 9 Стефано Пагани 126 10 Фабрицио Анселми 120
+Играчи со најмногу постигнати голови за СасуолоМестоИме на играчотГолови 1 Кристијано Лукони 44 2 Доменико Берарди 42 3 Гаетано Масучи 40 4 Алесандро Носели 38 5 Стефано Паралупи 24 6 Анди Селва 23 7 Даниеле Мартинети 22 8 Ричмонд Боаки 21 9 Џанлука Сансоне 20 10 Симоне Ѕаѕа 20
thumb|right|170px|Симоне Ѕаѕа авторот на првиот гол за Сасуоло во Серија А во септември 2013.
Познати поранешни играчи
Анџело Отани Алесандро Пане Џорџо Маријани Росарио Бјондо Марко Џандебјаџи Андреја Тароци Енди Селва Ричмонд Боакје
Статистика и скор Учество во првенства Ниво Категорија Учества Деби Последна сезона Вкупно 1º Серија А 2 2013-2014 2014-15 2 2º Серија Б 5 2008-2009 2012-2013 5 3º Серија Ц1 2 2006-2007 2007-2008 2 4º Серија Д 8 1968-1969 1977-1978 22 Серија Ц2 14 1984-1985 2005-20065º Серија Д 1 1978-1979 12Интеррегионално првенство 5 1981-1982 1991-1992Национално аматерско првенство 6 1992-1993 1997-1998
Титули 15px|Серија Б Серија Б (1) : 2012-13. Лега Про Прима Дивизионе (1) : 2007-08 (група А). Суперкуп на Лига Прима Дивизионе (1) : 2007-08.
Наводи
Надворешни врски Официјално мрежно место
Сасуоло