Сивиот клукајдрвец (Picus canus), исто така познат како сиволикиот клукајдрвец, е Евроазиски член на клукајдрвци на семејството Piciformes. Го има и во Македонија.

Опис Неговите перја наликуваат на неговиот роднина Европскиот зелен клукајдрвец. Горниот дел од неговото тело е зелен, а неговиот долен дел е бледо сив со жолта задница. Има сива глава со црни влакна над клунот. Мажјакот има црвено чело, пократок врат, потенок клун и малку позаоблена глава од зелениот клукајдрвец. Долг е 25–28 см и тежи 130-180 грама.

Живеалиште

Сивиот клукајдрвец живее во листопадните и мешаните шуми. Се пари во мај и може да снесе од 5 до 10 јајца кои се одгледувани од двата родители. Младите се изведуваат по 15-17 дена и учат како да летаат во нивната четврта недела.

За време на летниот период, сивиот клукајдрвец јаде црви, ларви од лебарки и други инсекти. Во зимскиот период се храни со семиња, и може да дојде дури во градини каде што може да се храни.

Систематизација

Има два вида птици наречени сив клукајдрвец: Dendropicos spodocephalus и Picus canus.

Наводи

Gorman, Gerard (2004): Woodpeckers of Europe: A Study of the European Picidae. Bruce Coleman, UK. ISBN 1-872842-05-4.

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Клукајдрвци Категорија:Таксони опишани од Јохан Фридрих Гмелин