Ушестиот нуркач (Podiceps auritus)Etymology: Podiceps: Latin for podicis (rump) and pedis (foot), referring to the placement of the legs on its body; auritus: Latin for eared. е член на семејството нуркачи од видот водени птици. Тој, исто така, е познат и како словенски нуркач. Тој е одличен пливач и нуркач и својот рибен плен го гони под вода. Ушестиот нуркач е еден од видовите заштитени со Спогодбата за заштита на африканско-евроазиските водени птици преселници AEWA. Го има и во Македонија.

Опис Ушестиот нуркач е мал нуркач со должина од 31 до 38 см и со распон на крилјата од 46 до 55 см. Без исклучок, на лето, и машките и женските примероци имаат црна глава со кафени воздушести пердувести китки по должина на двете страни од нивното лице. Има долг црвен врат, црвеникави очи и мал прав црн клун покриен со бело. Плива по површината на водата.

Гнездење

Ушестиот нуркач се размножува во области покриени со вегетација и езера со слтка вода кои се наоѓаат на територијата на Европа и Азија. Тој, исто така, се размножува и во далечни островски делови на Соединетите Американски Држави и Канада. Најмногу од птиците се селат на зима кон крајбрежјето. Тогаш, овој мал нуркач претежно е бел со остро дефинирана црна капа. За време на парење, викањето на машките единки се слуша како чудна, забележлива серија на гласно гракање и повторувачки звуци, следени со продолжено врескање.

Како сите нуркачи и тој гради гнездо на брегот, близу до водата, од причина што неговите нозе се поставени многу назад и не може добро да оди. Вообичаено полагаат две јајца, а изведените мали шарени птички понекогаш се носени на грбот од родителите.

Во културата Оваа птица меѓу народот е позната како ѓаволски нуркач, пеколен нуркач, нуркач со розови очи и водена вештерка. Неговото име често е скратено, односно заменето од британските птичари со „словенски нуркач“ или едноставно „словен“.

По кажувањето на Индијанците Блекфити, Стариот човек измамник (волшебник) намамил неколку патки да ги затворат очите и да танцуваат додека тој убивал една по една од нив. Но, најмалата патка погледнала, го видела Стариот човек и ги известила другите патки. Оваа „патка“ била ушестиот нуркач, кој станал првиот кој ја забележува неволјата.

Поврзано Список на птици во Македонија

Наводи

Надворешни врски

BTO BirdFacts – Slavonian Grebe

Категорија:Птици на Македонија Категорија:Нуркачи (птици) Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј