Шаховската стратегија и тактика има еволуирано низ вековите преку запаметување на успесите на најдобрите играчи. За најголеми шанси за победа, играчот мора брзо да ги мобилизира сите фигури и да им обезбеди простор за маневар, додека истовремено му онезоможува на неговиот противник да го направи истото. Овој таканаречен „положбен“ пристап кон шахот е основа на современата шаховска стратегија. Се разбира, доброто позиционирање на фигурите само создава прилики за победа. За завршување на партијата со победа, играчот мора да прави прецизни пресметки на низите од потези (варијации) кои или водат до наполна победа, или до значајна предност, и сето тоа додека му оневозможува на противникот да изведе слични такви низи.

За разлика од позиционите концепти на кои се заснова шаховската стратегија, шаховската тактика му овозможува на играчот да го диктира начинот на кој фигурите се играат, заедно со геометријата на шаховската табла, за веднаш да постигне разни цели, често против волјата на неговиот противник. Овие цели можат да бидат напади врз кралевите за зацрвснување или спречување, смалување (елиминација) на противничките сили на број помал од бројот на сопствените, или создавање на непожелни тешкотии кај противникот на некој друг начин.

Шаховските мајстори сметаат дека зголемување на положбената предност води до поголем број на поволни тактички можности.

„Стратегијата бара размислување; тактиката бара посматрање.“ - Макс Еве

При описот на стратегијата и тактиката, тука ќе користиме алгебарска шаховска нотација.

Вредност на фигурите

Главна статија: Бодовна вредност на шаховските фигури Материјалната предност е нешто што важи и за стратегијата и за тактиката. Доколку се има контрола врз повеќе фигури, или помоќни фигури, отколку противникот, тогаш се имаат поголеми можности. Затоа почетниците секогаш се советуваат да ги земаат противничките фигури и да ги штитат своите. За ова мора да се има увид во вредноста на фигурите. Коњот е отприлика вреден колку и ловецот (овие две се нарекуваат лесни фигури), но помалку вреден од топот, а уште помалку вреден од кралицата (топовите и кралиците се нарекуват тешки фигури). Ловците обично се сметаат за малку подобри по коњите на отворени позиции (како кон крајот на партијата, кога многу од фигурите се земени), додека коњите имаат предност на затворени позиции. Имањето на два ловца претставува особено моќно оружје, посебно ако противникот има изгубено еден или два ловца.

Три пиони веројатно се покорисни од коњ при крајот на играта, но во средината коњот е помоќен. Две лесни фигури се посилни од еден топ. Два топа се посилни од кралица, но не за многу.

Еден чест систем на бодови дава 1 бод за пион, 3 за коњ или ловец, 5 за топ и 9 за кралица. Со еден ваков сисрњм, откажување од коњ или ловец за добивање на топ дава предност и вреди околу два пиона. Ова, се разбира, не зема предвид компликации како моментаната позиција и слободата на фигурите во прашање, но претставува добра појдовна точка. На отворена позиција, ловците би би ле повредни од коњите (во некои ситуации пар ловци вредат 7 или повеѓе бодови); во затворена позиција пак, ловците би биле помалку вредни од коњите. Кралот е бесконечно многу вреден бидејќи со неговото губење се губи и партијата.

Тактика Напаѓање и одбрана на фигури

Една фигура се вели дека напаѓа противничка фигура ако, во следниот потег, може да ја земе таа фигура. дна фигура се вели дека брани или штити друга фигура во ситуација каде ако штитената фигура биде земена од противникот, фигурата-заштитник ќе може да ја земе фигурата со кој противникот земал. Нападсот на една фигура го принудува противникот на одговор само ако нападнатата фигура е незаштитена, или ако напаѓачки.

Виљушки Главна статија: Виљушка Виљушка е потег при кој една фигура напаѓа две противнички фигури истовремено, со надеж за постигнување на материјална предност (заради тоа што противникот може да се соочи со само еден од двата напада). Коњите чести се користат за виљушки: тие скокаат на позиции каде можат да нападнат две фигури. Прилично честа ситуација оваа каде белиот коњ скока на c7, така загрозувајќи го и топот на a8 и кралот на e8. Вакви „кралеви виљушки“ се особено ефективни, заради тоа што во таа ситуација противникот е обврзан да се соочи со нападот на кралот; противникот не може да избере да брани друга фигура, и затоа не може да употреби цвишенцуг (видете подолу) за да ја искомплицира ситуацијата. Пионите исто така можат да напаѓаат со виљушки: со поместување на пионот напред, може да се нападнат две фигури: една дијагонално-десно и друга дијаголано-лево. Честа ситуација е потегот Пион d2-d4 кој истовремено напаѓа црн ловец на c5 и црн коњ на e5.

Податотека:chess_fork_knight_chessbase.png Податотека:chess_fork_pawn_chessbase.png Каспаров против Светскиот тим 1999 Каспаров одигрува 12.Nc7+ Варијација на отворањето „Три коња“ 1.e4 e5 2.Nf3 Nc6 3.Nc3 Bc5 4.Nxe5 Nxe5 5.d4

Кралицата исто така често може да нападне две фигури истовремено, но ова е корисно само ако двете се незаштитени, или ако една е незаштитена, а другата е противничкиот крал. Кралицата е повредна од фигурите кои ги напаѓа и затоа обично не се исплати да се земе штитена фигура.

Врзувања Главна статија: Врзување Врзување е потег кој напаѓа две фигури во низа, каде фигурата пред другата фирура може да биде повредна или поневредна од неа. По поместувањето на поврдната фигура, следи земањето на помалку вредната. Кралиците, топовите, и ловците можат да врзуваат. Во друга ситуација имаме потези кои принудуваат противничка фигура да остане на место бидејќи со нејзиното поместување играчот би изложил повредна фигура. Бидејќи се движат по права линија, ловците, топовите, и кралиците можат вака да спречуваат други фигури.

Податотека:chess_skewer_queen.png Податотека:chess_skewer_bishop.png Ласкер против Бауер 1889 Ласкер одигрува 33.Qg7+ Тал против Ботвиник 1960 Тал одигрува 30.Bc4

На левиот дијаграм, црниот не може да го помести коњот без да ја изгуби кралицата, а неговиот топ не може воопшто да се помрдне. На десниот дијаграм, Крамник му го кочи ловецот на црниот и набргу му го зема со a4-a5.

Податотека:chess_pin_bishops.png Податотека:chess_pin_rook.png Морфи против Консултациониот тим 1858 по Морфиевиот 14-ти потег Владимир Крамник против Александар Морозевич 2002 Брзопотезна Крамник одигрува 31.Rb1 Заради можните врзувања од обата типа, треба да се биде многу претпазлив доколку кралот и кралицата се наоѓаат на иста вертикала, хоризонтала или дијагонала, или ако можат да бидат принудени принудат во таков распоред.

Откриени напади Главна статија: Откриен нападОткриен напад е потег кој демаскира напад од друга фигура. Играчот ја поместува фигурата за да го демаскира нападот на неговиот ловец, топ или кралица врз противничка фигура. Ако нападнатата фигура е крал, ова се нарекува откrиен шах. Откриените напади се моќни бидејќи доколку и поместената фигура успее да загрози, противникот е во неволја.

Податотека:chess_disc_check_rook.png Податотека:chess_disc_check_knight.png Торе против Ласкер 1925 Торе одигрува 31.Rg5+ Бирн против Фишер 1956 Фишер одигрува 22...Nc3+

Специјален случај на откриениот шах е т.н. двоен шах, каде и поместената фигура и фигурата која се демаскира го напаѓа кралот. Овој напад бара од противникот да го помести кралот, бидејќи во оваа сиуација не постои друга можност за одбрана.

Цвишенцуг Главна статија: ЦвишенцугГерманскиот збор zwischenzug значи „меѓупотег“; ова е честа тактика која се јавува во речиси секоја игра: наместо да се соочи со директна закана, постапка која противникот ја очекува, играчот одигрува потег кој претставува уште поголема закана, често во облик на напад врз кралицата или кралот. Противникот најпрвин мора да се соочи со оваа закана, и ова идеално би го ставило во неповолна ситуација.

При планирањето на тактика, треба да се биде секогаш претпазлив од цвишенцунг. Не треба да се претпоставува дека противникот ќе се соочи со заканите веднаш. Добра навика е секогаш да се проверува дали противникот ве шахира или прави потези кои се опасни за вашата кралица и обратно - очекувајте ги заканите на противникот и планирајте изненаден цвишенцуг.

Жртвувања Главни статии: Гамбит, жртвена разменаЧесто е потребно да се дисбалансира позицијата или темпото на противникот. Ова го изведуваме најпривин со жртвување на извесен материјал, кои подоцна се враѓаат со некаква „камата“. Жртвувањето на пиони при отворањето се нарекуваа гамбит; гамбитот не е наменет за краткорочна материјална добивка, туку за постигнување на поактивна позиција.

Директни напади врз противничкиот крал често започнуваат со жртвувања; чест пример е ловец кој се жртвува на h7, шахирајќи го кралот на g8 кој мора да го земе ловецот, по што белата кралица и коњ напаѓаат молњевито.

Напади врз кралот <td align="center">Податотека:Chess_sacrifice_bishop_h7.png<td align="center">Кол против О'Ханлон, 1930Кол одигрува 12.Bxh7+ Нападите врз крал во рокада обично се оправдани со некоја неурамнотеженост: имате повеќе сила на страната на кралот отколку противникот, или пак противникот ја има ослабена позицијата на својот крал со поместување на пион пред него.

Многу матирања следат по жртви: ако целта е мат, материјалот повеќе не е важен. Кларицата е речиси секогаш најважната фигура при матирањето, заради разните нејзини можности (начини) за мат. Тука најчесто среќаваме т.н. „контактен шах“ каде кралицата едновремено е штитена од некоја друга фигура. На пример, бел коњ g5, црн крал на g8 и кралицата матира на h7, или црниот ловец на f6 или h6 и белата кралица на g7 го матира црниот крал на g8.

Не мора да значи дека секој напад за матирање мора да биде шах. Често шахирање само го носи кралот на подобра позиција, или го заслабува сопствениот распоред. Пробајте да изнајдете „тивки“ потези кои би ви донеле успех.

Цугцванг Главна статија: ЦугцвангВо шахот, zugzwang (германски за „принуден потег“) се јавува кога еден играч, заради тоа што е негов ред, мора да направи потег, но секој можен потег му ја заслабува позицијата. Вакви ситуации среќаваме често - особено често при крајот на играта, каде има помалку избор на позиции.

Стратегија Отворање Главна статија: Шаховско отворањеПочетниците не треба да паметат отворања. Наместо тоа, тие треба внимателно да следат неколку принципи со кои ќе можат да заземат пристојна позиција кон средината на играта освен ако не играат против особено вешт играч.

Најважниот дел од таблата е центарот (e4, d4, e5, d5). Првичната цел треба да биде позиционирање на пионитре и лесните фигури на начин кој би го контролирал центарот. Втората цел е да се тргне кралот од опасниот центар со рокада. Третата цел е да се мобилизираат што е можно повеќе тешки фигури.

Секој потег треба да придонесува кон овие цели и треба да се избегнува играње на непотребни потези. Белите коњи обично се поставуваат на c3 и f3 при нивното прво поместување. Кралицата треба да избегнува кои се препрани или премногу длабоко во непријателската територија бидејќо во меѓувреме противникот може да развие ситуација во која таа ќе биде загрозена. По рокадата, останатите ловци и коњи треба да се тргнат така што топовите би можеле меѓусебно да се штитат и да оперираат поефективно. За ова обично се потребни првите 10 или повеќе потези и така ја завршува фазата на отворање.

Простор

Со сите други работи еднакви, страната која контролира повеќе простор на таблата е во предност. Повеќе простор значи повеќе опции, кои можат да се експлоатираат и стратешки и тактички. Така, доколку сите фигури ви се развиени и доколку немате тактички трикови или некој ветувачки долгосежен план, пробајте да најдете потег кој би ви го зголемил влијанието, особено во центарот. При некои отворања, еден играч би прифатил и помал простор за некое време за да приготви противнапад за средината на играта. Ова е еден од концептите зад хипермодерното играње.

Одбрана на фигурите