thumb|right|250px|Патки меѓу друга живина Живина — класа на домашни птици кои се исползуваат како храна или за нивните јајца. Овие се членови на редот кокошолики (како кокошките и мисирките) и гусколиките (водни птици како патките и гуските).
Видови на живина Птица Исхрана Див предок Припитомување Употреба кокошка семиња, инсекти, растенија дива кокошка Кина, ц. 3000 п.н.е. месо, јајца патка семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца гуска семиња, инсекти, растенија разни разни месо, пердуви, јајца ној инсекти, растенија, семиња див ној Африка месо, пердуви, работна сила мисирка семиња, инсекти, растенија дива мисирка Мексико месо
Исечоци од живината thumb|right|230px|Разни исечоци од кокошка Најмеснатите делови на птицата се мускулите за летање на градите, исто така наречени гради, и мускулите за одење од првите два дела од нозете, наречени добатак и батак.
Кај кокошките, мускулите за летање, кои не се приспособени на постојана употреба, содржат помалку кислородоносен миоглобин отколку ножните мускули, и затоа се посветли по боја. Имено ова е разликата помеѓу „бело месо“ и „темно месо“. Водните птици се прилагодени за постојан лет, и затоа нивното градно месо е темно.
Живината во Македонија Живинарството е значајна сточарска гранка во Македонија. Во 2019 г. во земјата имало вкупно 1.562.089 единки. Целосниот преглед на бројната состојба на живината во Македонија во периодот од 2000 до 2019 г. е следниов:
+Бројност на живината во Македонија од 2000 до 2019 г.Година2000200120022003200420052006200720082009Единки3.713.3692.749.6372.900.9662.417.3622.725.2982.617.0122.585.3272.263.8942.226.0552.117.889Година2010201120122013201420152016201720182019Единки1.994.8521.944.2601.776.2972.201.5501.939.8791.761.1451.865.7691.840.1731.828.2871.562.089
Поврзано Добиток
Наводи
Категорија:Добиток