Милован Ѓилас (, Кралство Црна Гора, – ) ― југословенски комунистички раководител, и најпознат дисидент во времето на ФНРЈ.

Комунист

Во КПЈ се зачленува во 1933 година. Набрзо настанува голема провала при што се уапсени голем број комунисти, вклучително и Ѓилас. Осуден е на пет година робија и е затворен во затворот во Сремска Митровица. Поради здравствени причини, во 1936 година е помилуван и пуштен на слобода.

Ѓилас брзо се стекнува со углед кај раководството на КПЈ што доведе до тоа на почетокот на 1940 да биде примен во Политбирото на Партијата.

По окупацијата на Југославија од страна на Силите на Оската, Ѓилас како член на Политбирото по автоматизам бил избран во Врховниот штаб. Испратен е во Црна Гора за таму да раководи со борбата. При раководењето со борбата, Ѓилас зазел секташки позиции, поради кои на почетокот од 1942 година, тој бил партиски казнет, иако не и исклучен од КПЈ.

По ослободувањето на земјата, Ѓилас се профилирал како еден од водечките раководители на КПЈ и на Југославија, препознатлив по своите догматски сфаќања и пристап кон прашањата.

Сепак, по Резолуцијата на Информбирото и откако КПЈ се реши да раскине со своето сталинистичко минато, Ѓилас станал еден од најголемите поборници на новиот курс. Заедно со Борис Кидрич го „пронашол“ самоуправувањето кај Маркс и пополека почнува да еволуира од еден од најригидните водачи на југословенската комунистичка партија во најслободноумниот член на тогашното раководство на КПЈ. Од тоа време потекнуваат неговите брошури „Ленин за односите помеѓу социјалистичките држави“ и „Современи теми“, во кои врши остра критика на сталинизмот, врз основа на тезата дека сталинизмот се одродил од ленинизмот.

Дисидент

Понесен од критиката на сталинизмот и од позитивните ефекти што критиката на СССР ја имаше врз состојбата со слободата на мислата во Југославија, Ѓилас во 1953 година преминува од критика на советскиот комунизам на критика на југословенскиот комунизам. Од октомври 1953 година до јануари 1954 година, тој пишува серија колумни во „Борба“ во кои се залага за либерализација на партијата и државата и за воведување на повеќепартиски систем, а во својот сатиричен расказ „Анатомија на еден морал“, објавен во истиот период, ја критикува дволичноста што владеела во редовите на комунистичкото раководство во земјата. Тито и останатото раководство на Партијата негативно реагира на неговите написи. На Третиот пленум на СКЈ одржан на 16 и 17 јануари 1954 година, Ѓилас бил повикан да се откаже од своите ставови. Тој одбил така што постапи, поради што бил обвинет за „анархолиберализам“ и е отстранет од власта.

Во 1955 година, во Соединетите Држави, била објавена неговата книга „Нова класа“ во која тврди дека во Југославија и во останатите комунистички земји се кристализира нова владејачка класа. Поради ставовите изнесени во оваа книга, Ѓилас бил осуден на три години затвор и бил затворен во Сремска Митровица. Пуштен е на слобода во 1958, но не се откажал од своите ставови, главно застапувајќи демократско-социјалистички позиции. Во 1966 година, му било дозволено да се исели од Југославија. Тој се вратил во Југославија по падот на комунистичкиот систем.

Творештво

„Современи теми“ (1950) „Нова класа“ (1955) „Разговори со Сталин“ (1962) „Несовршено општество“ (1969) „Дружење со Тито“ (1981) „Падот на новата класа“ (1998)

Ѓилас како мотив во книжевноста Ѓилас е еден од ликовите во расказот „Ѓиласовиот број“ (српски: Đilasov broj) на српскиот писател Вуле Журиќ од 2014 година.Vule Žurić, Tajna crvenog zamka. Laguna, Beograd, 2015. стр. 139-158. Исто така, тој зазема значајно место во романот „Контраендорфин“ на српскиот писател Светислав Басара.Svetislav Basara, Kontraendorfin (peto izdanje). Beograd: Laguna, 2021.

Литература Momčilo Đorgović "Đilas: vernik i jeretik" Vladimir Dedijer "Veliki buntovnik Milovan Đilas: prilozi za biografiju" Miodrag Milić "Radjanje Titove despotije: prilog fenomenologiji jugoslovenske revolucije"

Наводи

Надворешни врски Архива на Милован Ѓилас на македонски јазик

Категорија:Југословенски политичари Категорија:Црногорски политичари Категорија:Југословенски дисиденти Категорија:Југословенски Црногорци Категорија:Народни херои на Југославија Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Делегати на АВНОЈ Категорија:Југословенски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Југославија Категорија:Црногорски затвореници и притвореници Категорија:Затвореници и притвореници во Србија