мини 1974 () — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1974 година од новата ера, 974. од вториот милениум, 74. од XX век и петта од 1970-тите.
Други календари Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7482 и 7483 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6724 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5734 и 5735 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2727.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт Цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот Цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1974 година се протега во 4610 и 4611, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4670 и 4671 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2517. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1393 и 1394 исламска година. Настани
13 февруари – Александар Солженицин е протеран од СССР. 21 февруари – Донесен е новиот устав на СФРЈ. 23 февруари – Во Скопје допатува кубанска партиско-државна делегација на чело со Раул Кастро. 25 февруари – Свечено е прогласен новиот Устав на СР Македонија. 3 април – Во Домот на младите во Скопје е отворен Планетариумот. 10 април – Во Израел, премиерот Голда Меир поднесува оставка. 11-13 април – Во Скопје се одржува Шестиот конгрес на Сојузот на комунисти на Македонија. За претседател повторно е избран Ангел Чемерски. 25 април – Во Португалија е изведен воен удар со кој е обновена демократијата. 7 мај – Канцеларот на Западна Германија, Вили Брант, поднесува оставка. 16 мај - Собранието на СФРЈ го прогласи Јосип Броз Тито за доживотен претседател на државата. 16 мај – Собранието на СФРЈ го избира за свој претседател Киро Глигоров. 19 мај – По вториот круг на претседателските избори во Франција, Валери Жискар Д’стен го победува Франсоа Митеран и станува француски претседател. 1 јули – По смртта на Хуан Перон, претседател на Аргентина станува дотогашниот потпретседател, неговата жена Исабел Перон. Таа е прва жена шеф на држава во Јужна Америка. 15 јули – Во Кипар е извршен воен удар со кој е соборен претседателот Макариос. 20 јули – Турските сили извршуваат инвазија врз Кипар. 23 јули – Паѓа воената хунта во Грција. 8 август – Соочен со сигурен импичмент, американскиот претседател Ричард Никсон поднесува оставка. 14 август Турција врши втора инвазија на Кипар и зазема 37% од територијата на островот. Грција ги повлекува своите сили од структурата на воената команда на НАТО, како резултат на турската инвазија на Кипар. 8 септември – Новиот американски претседател Џералд Форд го помилува Ричард Никсон. 22 ноември – Генералното собрание на ОН ѝ доделува статус на набљудувач на Палестинската ослободителна организација. 8 декември – Во Грција избирачите го отфрлаат предлогот за обновување на монархијата.
Родени 16 јануари – Кејт Мос, англиски модел 13 февруари – Роби Вилијамс, англиски пејач 9 април – Џена Џејмисон, американска глумица 28 април – Пенелопе Круз, шпанска глумица 1 јуни – Аланис Морисет, канадска пејачка 23 јули – Морис Грини, американски атлетичар 9 ноември – Алесандро Дел Пјеро, италијански фудбалер 11 ноември – Леонардо Ди Каприо, американски глумец
Починале 2 април – Жорж Помпиду, француски претседател 18 јуни – Георги Жуков, советски генерал 1 јули – Хуан Перон, аргентински претседател 26 август – Чарлс Линдберг, американски пилот 9 октомври – Оскар Шиндлер, австриски индустријалец 24 октомври – Давид Ојстрах, украински виолинист 25 ноември – У Тант, бурмански дипломат и генерален секретар на Обединетите Нации
Поврзано Календарот за таа година
Надворешни врски
71974